1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Универзален полнач за мобилни телефони во ЕУ

Европската унија постави нови стандарди за универзални полначи на мобилни телефони. Со новите полначи потрошувачите ќе заштедат пари, а истовремено ќе направат нешто добро за животната околина.

default

Многубројните полначи за мобилни ќе се заменат со еден единствен понач

И покрај тоа што мина веќе долго време, конечно со новата 2011 година се ослободи патот за воведување единствен и универзален полнач за мобилни телефони во Европа. Потрошувачите веќе одамна бараат да се воведе овој полнач, но во наредниве месеци тој и навистина ќе се најде во продавниците низ Европа, вети Европската комисија. Еврокомесарот за индустрија и стопанство Антонио Тајани рече дека сега е индустријата на ред да го исполни своето ветување и веднаш да започне со производство на нови мобилни телефони, кои ќе ги користат новите универзални полначи. За сега во проектот на ЕУ учествуваат 13 производители на мобилни телефони. Европската комисија се надева дека новата одредба ќе придонесе за тоа да се прави помалку смет и се разбира да се намалат трошоците за потрошувачите. Досега тие при купување на нов мобил телефон секогаш добиваа и нов полнач со телефонот. За новите апарати ќе биде потребен полнач со многу тенок прилучок.

Евтин и еколошки полнач

Vorstellung des Windows Phone 7

Новиот полнач ќе биде наменет за мултифункционалните телефони

Кај старите полначи тој е многу подебел. Третиот вид на полначи, како за Ајфон на пример, имаат тенка плочеста форма. Четврт вид на полначи имаат широк приклучок со многу мали контакти. Сега конечно ќе им се стави крај на ваквите различни полначи. Уште во 2009 година 13 водечки произведувачи на мобилни телефони се договорија во Брисел да ги прилагодат нивните модели на мобилни телефони за еден универзален полнач. Меѓутоа, до спроведувањето на договореното и примена на планираното поминаа речиси две години. Новото решение гласи „микро УСБ приклучок“. Полначот може да се приклучи само на телефони кои имаат таков приклучок, а него го има во поголемиот број мобилни телефони, бидејќи тој е потребен за пренесување фотографии што се сликаат со мобилниот телефон. Европската комисија смета дека оваа година поголемиот дел од телефоните ќе го имаат овој приклучок. Новиот „микро УСБ приклучок“ засега го има во дигиталните фото апарати. Универзалниот полнач ќе се продава по поволни цени и ќе биде достапен за секого.

Еден полнач за се’ !

T-Mobile bietet E-Mail-Push-Service Blackberry

Телефоните „Блекбери“имаат УСБ приклучок

„Новиот полнач ќе им го олесни животот на потрошувачите, ќе го намали количеството отпад, а ќе бидат од корист за стопанството“, нагласи еврокомесарот Тајани. Онаму каде до сега беа потребни повеќе различни полначи во иднина за секое домаќинство ќе биде потребен само еден универзален полнач. Освен тоа, новите полначи ќе трошат помалку електрична енергија. Во иднина мобилните телефони ќе се продаваат без полначи, а тоа ќе ја намали и цената на телефоните. Компании кои учествуваат во европскиот проект за воведување универзални полначи се Нокиа, Сони, Самсунг, Ериксон, Епл и Моторола. Околу новите универзални полначи производителите се договорија на најголемиот саем за телекомуникации во Барселона во февруари минатата година. Тогаш Европската комисија им се закани дека ќе спроведе неколку регулативи доколку брзо не се договорат. Но, на крајот сепак има и една лоша вест. Имено, новите полначи ќе бидат наменети за модерните мултифункционални мобилни телефони како Блекбери или Ајфон, а не за едноставните мобилни телефони.

Автор: БОМ / БГ / дпа

Редактор: Жана Ацеска