1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

УНЕСКО ја прошири листата на светско наследство

Комитетот за светско наследство ја прошири листа за светско наследство на УНЕСКО. Таа е разновидна и се протега од затвор во Австралија, па се’ до областите каде беа извршени атомски тестирања, атолот Бикини.

default

Дискусиите за новите културни и природни светски богатства се водеа зад затворени врати, и барем толку е познато, дека не секогаш протекувале хармонично. Франческо Бандарин, директор на центарот за светско културно наследство, вели: „Задачата на светското културно наследство е универзална. Целиот свет го признава значењето, но по некои прашања се водеа жестоки дискусии, особено за значењето на поединечни места. Многу се гласаше, што е нормалнио, бидејќи комитетот е орган кој носи одлуки. Понекогаш не може да се постигне консензус, и тогаш мора да се гласа.“

Ungarn Berg Tokaj ist UNESCO Welterbe

Светско културно наследство во Унгарија

Вкупно 22 културни и природни споменици се запишаа на листата на светското културно наследство. На листата на природно културно наследство се најдоа, на пример, планинински предели во Шри Ланка, морските области околу Хаваи, или висорамнина во Сибир. Меѓу новите културни богатства се вбројува атолот Бикини во Тихиот океан, каде во 1950 година САД изведоа редица атомски тестови, или германскиот Оберхарцен, познат по системот за наводнување. Со ова, бројот на светски културни наследства во Германија повторно се искачи на 34, откако минатата година долината на Елба во Дрезден беше избришана од листата, поради проектот за градење нов мост. Меѓу најконтроверзните теми се најде барањето на Сирија, на листата да се впише т.н Дан Тор, културно

Bamberg Schloss Seehof Welterbe 001

Светско културно наследство во Германија

богатство кое се наоѓа на територијата на Израел. Сепак, беше постигнато делегациите меѓусебно да дискутираат.

Франческо Бандарин вели:

„Третираме теми, кои се дел од светските политички конфликти, како Ерусалим, Палестина, Блискиот исток - ниту нас не’ не одминуваат овие конфликти, проблеми на глобалниот неред. Уверен сум дека има добра волја, да им се пристапи на овие проблеми и тоа од аспект на културата.“

На црвената листа на загрозени наследства, повторно беше впишан националниот парк Еверглејдз на Флорида, поради проблемите со системите за одводнување. Островите Галапагос, пак, веќе не се на оваа листа, оти проблемите таму во голема мера се надминати.

Der Monte San Giorgio wird Unesco Welterbe

Светско културно наследство во Швајцарија

Тема која зазема посебно место на средбата во Бразил беше светското наследство и туризмот. Мехтилд Реслер, шеф на европската и северно-американската секција на комитетот за светско наследство, подвлекува:

„На некои места во Европа, во рок од една година по распишувањето на огласот, процентот на туристи се зголеми за 30 насто. Тоа значи, многу градоначалници сакаат нивните градови и споменици да се најдат на листата на светско културно наследство од чисто економски причини. Но листата за светско наследство не се раководи од ова начело, туку во преден план стои заштитата на светското наследство. Значи не ги штитиме спомениците за нас, туку за идните генерации.“

Денес повеќе од 900 културни и природни наследства се наоѓаат на листата на светско наследство на УНЕСКО.

Автор: Готфрид Штајн / Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Поврзана содржина