1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

УНЕСКО жали за уништувањето во Алепо

Организацијата на ОН за образование, наука и култура со загриженост реагираше на уништувањето на историската чаршија во Алепо. Таа делумно е уништена во пожар при борбите во сирискиот град.

„Се работи за голема загуба и трагедија“, вака го оцени уништувањето на историскиот стар дел од градот Алепо директорот на Светската културна програма на УНЕСКО, Кишоре Рао. Стариот центар на Алепо во 1986 година беше прогласено како светско наследство на УНЕСКО. Историската стара чаршија се смета за една од најдобро зачуваните во регионот.

Aleppo UNESCO Weltkulturerbe

Дел од старата чаршија во Алепо пред пожарот

Среде борбите меѓу двете завојувани страни во Сирија, трупите на претседателот Башар ал Асад и бунтовниците, старата чаршија е делумно уништена поради пожар. Опожарени се стотици продавници под средновековните аркади, сведочат опозициони активисти. Причината за пожарот не е позната. Видео објавено на интернер покажува пламен и чад над Алепо, во него исто така се тврди дека продавниците горат.

Веста ја потврди и дописник на француската новинска агенција АФП. Според оваа агенција од кругови на сириската армија се дознава за жестоки борби во близина на старата чаршија со бунтовниците, кои со денови се обидуваат да се пробијат во областа. Противниците на Асад во четвртокот започнаа голема офанзива во Алепо.

Борбите траат и во другите сириски градови. Бунтот кој започна во март против сирискиот претседател, се претвори во граѓанска војна во која според опозицијата досега се убиени над 30 илјади луѓе.