1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Унгарците во заштита на опозициското „Клубрадио“

Илјадници луѓе протестираа во главниот град на Унгарија поради можното затворање на најголемото опозициско радио во Будимпешта.

default

„Клубрадио“ прерасна во симбол на слободата на говорот

Неколку илјади луѓе се собраа синоќа на митинг во унгарскиот главен град Будимпешта за да изразат поддршка на радиото „Клубрадио“ во Будимпешта, кое наскоро може да ја изгуби лиценцата за работа и да престане со емитување програма.

„Клубрадио“, кое има околу 400.000 слушатели и се смета за единственото опозициско радио во државата, поднесе жалба на одлуката пред државниот медиумски регулатор.

Затворањето на „Клубрадио“ го привлече вниманието на ЕУ и САД, кои не штедат критики кон унгарскиот Закон за медиуми, усвоен во 2010 година од партијата ФИДЕС на премиерот Виктор Орбан.

Извршниот директор на „Клубрадио“ Андраш Арато изјави дека радио станицата во „желба да емитува единствено факти и мислења, прерасна во симбол на слободата на говорот“.

Автор: СН/ АМ/ миа

Редактор: Александра Трајковска