1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Унгарска поддршка за македонското членство во ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во Скопје вети поддршка за македонските интеграции во ЕУ и за кампањата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Орбан смета дека нема пречки за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ

default

Виктор Орбан

„Македонија заслужува да биде членка на ЕУ и за тоа Брисел има донесено неколку важни одлуки, зашто нема сомнеж дека земјата е европска и час поскоро треба да започнат претпристапните преговори“, изјави во Скопје, Виктор Орбан, премиер на Унгарија.

„Нема никаква причина, ниту каков било интерес на Унијата може да биде загрозен ако преговорите меѓу Скопје и Брисел започна час поскоро“.

Претседавачот со Унијата најави дека успешно напредуваат завршните преговори со Хрватска и тое е добар сигнал за целиот регион, изјави Орбан, по разговорите со неговиот домаќин македонскиот премиер Никола Груевски.

Nikola Gruevski Wahlsieger Mazedonien Wahl

Орбан расположен да учествува во кампањата на сестринската ВМРО-ДПМНЕ на Груевски

„Денешната посета е силен политички сигнал дека унгарското претседателство активно се залага за продолжувње на процесот на проширување на ЕУ, што за нас претставува силен поттик за понатамошно исполнување на неопходните реформи за остварување на нашата врвна стратегиска цел - полноправното членство во ЕУ“, рече Груевски.

Двајцата премиери не го ни споменаа спорот околу името, ниту се изјаснија по најавите за можно ограничување на безвизниот режим со Македонија и Србија.

По недоманешниот престој во Будимпешта, претседателот Ѓорге Иванов изјави дека Унгарија, за време на своето претседавање, ќе го актуелизира датумот за преговорите со Македонија. Потоа стигнаа редици деманти од евродипломати во Скопје дека без решавање на спорот околу името со Грција не може да се очекува забрзување на тој процес.

Орбан во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Сепак Орбан со охрабрување за властите - „Македонија е многу поподготвена за старт на преговорите одошто многумина мислат и оценуваат“, изјави унгарскиот премиер, кој допатува со бројна бизнис делегација.

„Македонија успешно се справи со финасиската криза, многу подобро од постигнувањата на други земји во регионот што доживеа и колапс на економијата“, изјави гостинот од Будимпешта, кој македонската Влада ја пофали и за развој на мултиетничко општество со што стана и фактор на стабилноста во регионот.

Со невообичен обем на пофалби, Орбан, како лидер на сестринскиот демохристијански граѓански сојуз - ФИДЕС, не исклучи да учествува и во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, ако биде повикан.

Europa Parlament: Rede des ungarischen Ministerpräsidenten Viktor Orban

Протести во Европскиот парламент против унгарскиот закон за медиуми

Унгарскиот премир беше жестоко критикуван поради тамошниот закон за медиуми, кој во Брисел се оценуваше како ограничувачки за слободата и демократијата. Но и Владата на премеирот Груевски е под будно набљудување на Унијата и меѓународните новинарски асоцијации поради ограничувања во слободата на говорот, како и за притисоци врз медиумите во Македонија.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Борис Георгиевски