1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Унгарска поддршка за евро-атлантската интеграција на Македонија

*

Унгарија ја поддржува Македонија во напорите за приклучување кон ЕУ и НАТО. На средбите во Будимпешта со македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, заменик претседателот на унгарскиот парламент, Ласло Мандур и претседателот на Комитетот за европски прашања, Матијаш Еорси, истакнале дека Македонија е фактор настабилност на Балканот и дека треба да се валоризираат постигнувањата на земјата во реформите. Според Еорси, Унгарија ќе влијае во меѓународните институции за решавање на прашањето на името со Грција. Милошоски, денеска во интервју за грчкиот весник “Елефтеростипос“, во врска со можноста Грција да стави вето на евро-атлантската интеграција на Македонија, изјави дека Атина со Времената спогодба од 1995 година се обврзала да не го попречува приемот на соседната земја во меѓународните организации.