1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Унгарија ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ и НАТО

Во очекување на есенскиот извештај на Европската унија од Брисел и пролетниот самит на НАТО во Букурешт, Макеоднија тргна по поддршка од земјите на Средна Европа.

default

Министерот за надворешни работи Милошоски и неговата унгарска колешка Генц

Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски денеска беше во посета на Будимпешта и во разговорите со своите домаќии ја доби поддршката од Унгарија за евроинтеграциите на Македонија. Оваа земја е ЗА проширување на Унијата и особено за зачленување во НАТО, на земјите од Јадранската група.

Македонија - фактор за стабилизација

Официјана Будимпешта високо ги цени постигнувањата на Македонија во последниов период. До пред десет години Македонија беше дел од проблемот на регионот, сега земјата е фактор за стабилизација и дел од решението што е многу важно за сите нас, рече шефицата на унгарската дипломатија Кинга Генц.

По средбата со нејзиниот македонски колега Антонио Милошоски во унгарската престолнина, Дојче Веле ги праша министрите на двете земји дали се отворило прашањето за признавање на Македонија под уставното име од страна на Унгарија „Ние го користиме името Рапублика Македонија во билатералните односи, а во меѓународните организации референцата БЈРМ. Се надеваме дека овој проблем може да биде решен на билатерално ниво наскоро, бидејќи Македонија работи многу напорно за изнаоѓање решение за овој проблем“ изјави министерката Генц

Унгарија успешен пример кој треба да се следи

За Македонија е драгоцено искуството на Унгарија на патот, што оваа земја го мина до зачленувањето во НАТО и ЕУ, рече македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски. „Унгарија е успешен пример кој треба да го следиме. Затоа сме тука за да прашаме што во моментов ни треба најмногу. Тоа се пријателски совети од пријателска земја. Добивајќи употребливи корисни предлози, ние ќе можеме да постигнеме многу повеќе и да не ги повториме грешките што често се случуваат, на овој не толку лесен пат за интеграција во ЕУ и НАТО. “

Треба да се подобрат економските односи

Политичките односи се одлични, но заостануваат економските оцени Милошоски и ја најави посета на неговиот колега Глигор Ташковиќ кој идната недела ќе ја убедува унгарската бизнис заедница да инвестира во Македонија. Двете земји имаат слични позиции во однос на косовското прашање. Го застаапуваат принципот колку поскоро се изнајде решение, толку подобро за двете страни но и за целиот регион. Следна дестинација на Милошоски на мини турнејата по Средна Европа е Братислава. За Македонија во оваа фаза на евро – интеграциите многу значајна ќе биде и поддршката од Словачка.