1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Унгарија со кредитен рејтинг „ѓубре“

Унгарските власти ја отфрлаат оценката на меѓународната агенција за кредитен рејтинг Мудис, како „напад врз земјата“.

default

Агенцијата Мудис го намали кредитниот рејтинг на Унгарија на статус „ѓубре“, наведувајќи ги високите државни долгови, слабите прогнози за стопански раст и несигурноста во врска со способноста на земјата да ги исполни фискалните обврски.

Унгарското министерство за економија оцени дека се работи за „непрофесионална оценка, која е всушност финансиски напад врз земјата“. Оттаму тврдат дека земјата бележи буџетски суфицит, намалување на надворешниот долг и економски раст кој го надминува просекот во ЕУ во третиот квартал од годинава.

Унгарија минатата недела започна преговори со ЕУ и ММФ за нов заем, а во меѓувреме вредноста на националната валута продолжува да паѓа. Агенцијата Стандард и Пурс одлучи да не го намалува дополнително рејтингот на земјата, туку да го причека исходот од разговорите со ЕУ и ММФ.

Автор: БГ/ројтерс/ап

Редактор: Симе Недевски