1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Унгарија се прости од правната држава

И покрај острите протести и во земјата и во странство, унгарскиот парламент ги усвои измените во Уставот. Уставниот суд практично остана без својата моќ, како последна институција која му се спротивставуваше на режимот.

Демонстрации и протести на демократската опозиција, критики однадвор, дури и директен телефонски повик од претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Барозо до премиерот Виктор Орбан. Притисокот врз унгарскиот властодржец беше голем, но на крајот ништо не помогна. Унгарскиот парламент со двотретинско мнозинство ги усвои измените. Претходно, водечките политичари на владејачката Фидес соопштија дека нема да дозволат однадвор да им бидат диктирани услови.

Беше тоа четвртата и истовремено најголемата промена на Уставот во само една година. Треба да се потсети дека новиот унгарски Устав, кој исто така беше спорен, стапи во сила кон средината на минатата година. Новата корекција, според мислењето на унгарската демократска опозиција и правните експерти е „фронтален напад“ врз начелата на правната држава, односно граѓанските права. Поранешниот претседател на државата и на уставниот суд Ласло Солом, вели дека се работи за „крај на поделбата на власта во Унгарија“.

Суд без надлежност

Со промените од Уставниот суд се одземени натамошни компетенции: оваа

Viktor Orban Premierminister Ungarn

Виктор Орбан

институција во иднина има право само да проверува дали промените во темелните закони се формално во склад со важечкото законодавство, но не и дали се тие коректни според содржината. Фактички, Уставниот суд во иднина не смее да испитува дали новите закони се во конфликт со уставот. Повеќе не е можно да се проверува ниту дали некој закон ги прекршува граѓанските права кои се загарантирани со Устав. Уставните судии останаа и без правото во своите пресуди да се повикуваат на одлуки кои биле донесени пред стапувањето во сила на измените. Дополнително, и голем број закони кои претходно беа прогласени за неуставни, со измените директно се ставаат во сила.

Во иднина во Унгарија ќе може да се ограничи слободата на медиумите во случај „да се навредува достоинството на унгарската нација“, но никој не знае што тоа значи. Студентите ќе имаат обврска по дипломирањето да останат и да работат во земјата уште неколку години. Во спротивно ќе треба да и‘ платат отштета на државата.

Правниот експерт Ѓерѓ Колат ги нарекува измените „правна одмазда“ и вели дека тие се плод на „болшевистичките рефлекси“ на Орбан и на неговата партија. Уставниот суд беше последната силна институција која и‘ се спротивставуваше на волјата на премиерот, и тоа во случаи кога сметаше дека се газат начелата на правната држава.

Загриженост во Европа

Критиките на демократската опозиција во Унгарија во меѓувреме го достигнуваат

Ungarn Deutschland Antrittsbesuch Janos Ader

Германската канцеларка Ангела Меркел и унгарскиот претседател Јанош Адер

врвот. Граѓаните протестираат, а вонпарламентарниот опозициски сојуз „Заедно 2014“ говори за „колеж на уставниот поредок“. Андраш Шифер, шеф на зелената партија „Политиката може да биде поинаква“ во уставните промени гледа почеток на „авторитарен режим“. Брисел, според очекувањата, реагираше бурно на случувањата во Унгарија. Европската Комисија најави дека ќе ги испита спорните уставни промени и ако биде потребно со „правни средства“ влијае на нивно повлекување. Претходно, и претставници на Европскиот парламент бараа итна анализа на уставните промени во Унгарија. Германската канцеларка Ангела Меркел на средбата со унгарскиот претседател Јанош Адер „критички ги опсервирала промените“. Меркел му порачала на унгарското државно раководство дека постои „загриженост кај европските партнери и пријателите на Унгарија“ која мора да биде сериозно сфатена.