1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Унгарија свртува во десно

Унгарскиот премиер Виктор Орбан беше во посета на Брисел. Критиката на неговиот десничарски курс во неговата земја во европски рамки се‘ уште се држи во граници.

Порано Виктор Орбан Брисел го нарекуваше „нова Москва“, која сака „колонизација“ на Унгарија. Но, во Брисел сега на дневен ред е унгарската економска политика, која надлежниот министер Ѓорѓ Матолчи гордо ја означува како „неортодоксна“. Европската комисија има конкретни забелешки на државниот буџет, кого унгарската политика не може долгорочно да го држи под дозволените три проценти, поради што подолго време се води постапка против земјата за кршење на правилото. Во фокусот на критиките е финансиски не многу издашниот, но популистички ефикасен кризен данок, кого во Унгарија мора да го плаќаат странските банки и телекомуникациски претпријатија. Брисел го обвинува Орбан и за статистички трикови. Орбан сака да издејствува прекин на казнената постапка против Унгарија поради државниот дефицит, во спротивно, на земјата и‘ се заканува прекин на европските пари за поддршка, како и повисоки камати при снабдувањето со свеж капитал на финансиските пазари.

Култ на авторитарниот владетел Хорти

Покрај со „неортодоксните“ економски мерки, Унгарија боде очи и со својата политичка ситуација, пред се‘ со десничарскиот курс на Орбан и неговата владејачка партија „Фидес“ („Сојуз на млади демократи). Во многу погледи, тој наликува на прорамата на десноекстремната партија Јобик-во 2010 година, следени со националистичка реторика, од земјата беа избркани претставниците на ММФ. Освен тоа, исплатата на социјална помош беше поврзана со принуда на општополезна работа и контроли во становите. Тоа наиде на одобрување од политичарите на десноекстремната Јобик: рестрикциите се само мерка против „криминалните Цигани кои бегаат од работа“.   Покрај тоа, парламентот ги засили правата на парамилитарната Граѓанска гарда и воведе право на вооружена самоодбрана.

Токму од Јобик е инспириран и новиот култ на Миклош Хорти, авторитарниот унгарски владетел од периодот меѓу војните. Во меѓувреме и политичари од Фидес учествуваа на поставување статуи и спомен-плочи на Миклош Хорти, соодговорен за холокаустот на унгарските Евреи.

Критики од „Репортери без граници“

Десноориентираниот курс на Орбан и неговото владино мнозинство особено е очигледен во јавната реторика. Не поминува ни недела во која проминентни политичари на Фидес или партиски симпатизери не се истакнуваат на некој начин со застапување десноекстремни позиции. На почетокот на јануари на пример соосновачот на Фидес и пријател на Орбан, Жолт Бајер во партиски блискиот весник Маѓар Хирлап за Ромите напиша:

Europäischer Gerichtshof erklärt Zwangspensionierung ungarischer Richter für illegal

Премиерот Виктор Орбан

„Значаен дел од Циганите не е достоен да живее меѓу луѓето. Тие се животни, тие не смеат да постојат, на никој начин, мора да ги снема, веднаш и сеедно како“.

Коментарот предизвика лавина коментари во земјата и во странство. Но, партијата на Орбан не се ни дистанцираше вистински, објавувајќи-Бајер застапува „свое сопствено мислење“. Еден политичар на Фидес отиде дури и подалеку, изјавувајќи дека оној кој протестира против написот, „се става на страната на убијците“, мислејќи на Ромите.

Голем дел од медиумите е под капата на владината национал-популистичка линија. Новинарите во јавниот сервис се законски обврзани со својата работа да го поддржуваат „националниот идентитет“ и „националното единство“. Во најновиот извештај, организацијата „Репортери без граници“ критикува за силен пораст на самоцензурата во Унгарија , а земјата на листата на слобода на информирањето од 16-то место, доживеа пад на 56-то место.

Во Брисел официјално не се коментира десничарскиот курс на Орбан. Посебно политичките пријатели од Европската Народна партија избегнуваат критика на сметка на Орбан.

„Според моите сознанија, Виктор Орбан и Фидес се дистанцираат од антисемитизмот и десниот екстремизам“, одговори писмено Ханс-Герд Петеринг на поставеното прашање. Но, некои политичари од оваа групација се сепак поконкретни. Така, еврокомесарката за правда, Вивиен Рединг изрази вџашеност од случајот со публицистот Бајер и неговите изјави за Ромите, без почитување на човечките права.

Протести против т.н. „листа на Евреи“

Само пред неколку недели владејачката партија Фидес разбуди впечаток за јасно разграничување од расната омраза и антисемитизмот. Повод беше барањето на партијата Јобик од ноември 2012 за т.н. „Барање за листа на Евреи“. Притоа, пратеник од Јобик во парламентот побара „евиденција на Евреите кои живеат во Унгарија во посебна листа“ и проверка „кои Евреи, посебно во парламентот и во владата, претставуваат ризик за безбедноста на Унгарија“. На тоа шефот на пратеничката група, Антал Роган, на почетокот на декември, на голема демонстрација држеше говор против Јобик и остро го осуди антисемитизмот во Унгарија. Но, тогаш стигна написот на Бајер и се‘ падна во вода. Аналитичарите се сомневаат дека Фидес и Виктор Орбан навистина мислат да се оградат од антисемитизмот и десниот екстремизам.

György Dalos Autor Ungarn

Унгарскиот писател Ѓорѓ Далаш

„Нашите истражувања, на пример, покажуваат дека 70 до 80 проценти од Унгарците се настроени против Ромите“, вели социологот Пал Тамаш.

„Против ова, меѓу многу гласачи раширено расположение, Орбан и неговата партија не заземаат јасен став“.

Слично мисли и писатлот Ѓорѓ Далош:

„Ако Орбан навистина сака да се огради од десниот екстремизам, тогаш тоа мора да го направи заедно со сите демократски сили од опозицијата“, вели тој.

„Сите заеднички на пример треба да издадат соопштение во кое партијата Јобик ја квалификуваат како недемократска. Но, Орбан во последните три години во парламентот не испил ниту една шолја кафе со опозиционите политичари. Тој има страв од вакви соопштенија, зашто не знае кога повторно ќе му затребаат десноориентираните гласачи“.