Унгарија прв противник на Македонија во втората фаза | Теми | DW | 17.01.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Унгарија прв противник на Македонија во втората фаза

Унгарските ракометари ќе бидат првите противници на македонските репрезентативци во втората фаза од Еврпското првенство во Данска. Македонија ќе стартува со два поени.

По комплетирањето на последното коло во групите А и Б на Европското првенство во ракомет, познати се имињата на противниците со кои Македонија ќе игра во втората фаза.

Шпанија, која е актуелен светски првак, Исланд и Унгарија се екипите со кои македонските репрезентативци ќе се натпреваруваат во втората фаза.

Во последното коло, во А групата Македонија ја победи Австрија со 22:21 (на насловната фотографија), додека Данска ја совлада Чешка со 33:29.

Во Б групата Унгарија и Норвешка ремизираа 26:26, а Шпанија го победи Исланд со 33:28.

Во новоформираната Група 1 Данска и Шпанија влегуваат со по четири бодови, Македонија со два, Исланд и Унгарија со по еден, а Австрија во втората рунда не носи ниту еден бод.

Македонската репрезентација, натпреварите во втората рунда ќе ги започне во сабота против Унгарија. Во понеделник, противник на Македонија ќе и биде Исланд, додека во среда, во последното коло во групата, Македонија ќе игра против Шпанија.