1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Унгарија: Национализмот секојдневие, антисемитизмот во подем

Според последните анкети на претстојните избори во Унгарија во 2014 година дури 20 насто од граѓаните имаат намера да гласаат за радикално десничарската опција со јавни антисемитистички погледи.

Агнес Хелер е најпрочуена од современите жени-филозофи во Унгарија. Некогашната наследничка на Хана Арент, во истоимениот њујоршки институт, сакала на стари години да се концентрира на филозофијата. Сепак, поради состојбата во Унгарија, реши повторно политички да се ангажира.

Agnes Heller Philosophin Ungarn

Агнес Хелер

Таа беше дел од спомен-поворка која мина покрај населбата Леополд во Будимпешта, во која беше присилно собрано еврејското население во 1944. година. Агнес Хелер се спасила со скок во Дунав. Татко и’ бил депортиран во Аушвиц, каде што бил убиен. Долги години по победата над нацистичката власт, таа и натаму чувствувала страв во сопствениот град.

„На пример, не можев да влезам во оваа населба. Ми беше лошо. Не можев да отидам таму. По улицата не можев да поминам до 1956 година“, вели Хелер.

Реваншизам, национализам, антисемитизам

Во унгарската престолнина таа историја и денес е присутна. Антисемитизмот е повторно актуелен. На денот на Поворката на преживеаните, на улица излезе и една десно радикална група моторциклисти, која најави протесен марш наречен „Додај гас“. Протестот беше забранет ден порано, но моторциклистите сепак се собраа.

Тие носеа знамиња со карта на Голема Унгарија, која опфаќа области и на соседите Романија и Словачка. Тоа се територии кои Унгарија ги загуби по Првата светска војна со мировниот договор во Трианон. Реваншизам. Национализам. Целта на организаторите на десничарскиот собир е јасна:

„Сакаме да укажеме дека со Трианонскиот договор, со тој ултиматум, Унгарија е казнета непропорционално и неосновано“, вели Шандор Јесенски, член на десно-екстремистичкиот мото-клуб.

Symbolbild Jüdischer Weltkongress warnt vor Neonazis in Europa

Собир на неонацисти во Будимпешта

Тоа е исто како Германија да ги става под прашање границите со своите европски соседи. Во Будимпешта ова е, меѓутоа, секојдневие, исто како и антисемитизмот кој е во подем. Повеќе од 20 проценти Унгарци имаат намера на наредните избори да гласаат за екстремната десница.

„Демократска влада не би го дозволила тоа“

Во центарот на Будимпешта, на кој во голема мера белег му дадоа Евреите, многумина се чувствуваат маргинализирани. Тоа е срцето на алтернативната култура на градот. Тука се наоѓа и кафулето „Спиноза“.

Тоа е центар на лево-либералното и интелектуално граѓанство. И Агнес Хелер е тука - дојде на тркалезната маса со левиот либерал Гордон Бајнаи, во моментот најпознат опозициски политичар во земјата. Посетителите се загрижени поради радикалните десничари и антисемитизмот и му се обраќаат на Бајнаи.

Gordon Bajnai Premierminister Ungarn

Унгарскиот опозициски политичар Гордон Бајнаи

„Проблемот е во тоа, како центристичките политичари да најдат соодветни решенија за проблемите на обичните луѓе. Ако успеат, ќе ја снема подлогата на популистичките и радикалните партии.“, вели Бајнаи.

Но, поради околностите во Унгарија работите во моментов се сосема поинакви.

„Не знам дали во Унгарија има повеќе антисемитизам отколку во Франција. Знам само дека тој антисемитизам, благодарение на оваа влада, може јавно да настапува, јавно да зборува и сака и може да ги преминува сите граници. Сакам тоа да не се дозволи, и демократска влада не би дозволила да се преминат овие граници“, истакнува Агнес Хелер.

Прашање е дали работите наскоро ќе се променат. Леволибералната опозиција се’ уште не може да се обедини против националистичката десница, а веќе наредната година се парламентарните избори.