1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Унгарија воведе „чипс-данок“

Грицкањето во Унгарија станува поскапо - на почетокот од месецов (01.09.2011) стапи во сила контроверзниот данок на особено солени и слатки производи.

default

Данокот на особено солените и слатки работи, граѓаните веќе го нарекоа „чипс-данок“. Од него, во државната каса би требало да се слеат околу 74 милиони евра. Данокот е наменет пред се‘ за солените и слатките грицки, за енергетските пијалоци и за колачи од регалите на супермаркетите.

Целта на конзервативната влада на Виктор Орбан е со помош на данокот да ги промени навиките на јадење на Унгарците, кои јадат премногу мрснотии, сол и шеќер. Изземени од данокот, иако првично не беше така планирано, се различни видови унгарски колбаси, салами и варијации на сланини.

Експертите стравуваат дека данокот ќе има економски последици. Весникот „Вилагаждасаг“, специјализиран за економски теми, пишува дека токму затоа германскиот производител на Чио-чипс, „Интернснек“, веќе размислува да се откаже од плановите за изградба на фабрика за пуканки и грицки во Унгарија. Весникот оценува дека е можно новиот данок да уплаши и други производители и да ги одврати од нови инвестиции во Унгарија.

Автор: ЕМФ/афп

Редактор: Горан Чутаноски