1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Уморниот Гвардиола ја напушта Барселона, Виланова на клупата

Најуспешниот тренер во историјата на каталонскиот гигант си заминува на крајот на сезоната. Ќе го замени неговиот асистент Тито Виланова.

default

Пеп Гвардиола

Тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола потврди дека на крајот на сезоната ќе го напушти кормилото на се‘ уште актуелниот европски и шпански фудбалски првак. Договорот на Гвардиола со Барселона истекува на крајот на сезонава и тој одлучил да не го продолжува.

„Гвардиола нема да продолжи како тренер и следната сезона. Ти благодариме за твојата работа и за твојата љубов“, му порача претседателот на Барселона, Сандро Росел на заедничката прес-конференција.

Гвардиола изјави дека има потреба „да си ги наполни батериите“. Тој ќе го води тимот до крајот на првенството, а последниот меч ќе му биде во финалето на шпанскиот куп против Атлетик Билбао. На позицијата во следната сезона ќе го наследи неговиот досегашен асистент Тито Виланова.


„Се извинувам за конфузијата последниве недели. Секогаш барав куси договори затоа што очекувањата во Барселона се толку големи. Сега кога сме надвор од две големи натпреварувања сметав дека е вистински момент да ја соопштам одлуката“, рече Гвардиола.

„Причина е едноставна. За овие четири години, сите се преморивме. Нов тренер ќе донесе енергија која јас повеќе ја немав“.

Во изминатата недела Барселона загуби од Реал Мадрид во домашното дерби со што практично ги загуби шансите за одбрана на титулата, а во вторникот беше елиминирана и од Лигата на Шампионите по поразот во полуфиналето од англискиот Челзи.

И покрај последните неуспеси, Гвардиола ќе остане забележан како најуспешен тренер во историјата на славниот каталонски клуб. За четири години на чело на Барселона, Гвардиола освои вкупно 13 титули, од кои две во Лигата на Шампионите, три во домашното првенство, а на двапати тимот беше крунисан и како најдобар во светот.