1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Уметност создадена на машина за пишување

Машината за пишување за многумина го отслужи своето. За Дирк Крекер нејзината приказна сѐ уште не е завршена. Имено, овој дизајнер од Франкфурт преку машините за пишување ја создава својата уметност.

Реченици, фрази, букви. Тие течат една во друга, се пресекуваат и се покриваат - навидум напишани без план. Но, ако малку се оддалечите, тие даваат голема слика.

Дирк Крекер е дипломиран дизајнер - машината за пишување како стилско средство тој ја откри за време на студиите. Од 1997. година тој пишува слики. Со долгогодишното искуство создавањето на неговите уметнички дела изгледа како детска игра. Меѓутоа на големите слики овој 41- годишен уметник работи и до шест недели.

Тој се инспирира од делови од реченици во весниците, од сликите од вестите и своите емоции. Листот постојано го враќа на машината и пишува врз него. „Не сакав да цртам со рака, затоа што тоа не беше вистинското за мене. Но, истовремено не сакав сѐ да правам на машина, како на компјутер. Извесен период бев растргнат меѓу фотографијата... и нешто друго: машина за пишување. Преку експериментирање дојдов на тоа, сакав да најдам пресек меѓу раката и хартијата.“

Франкфурт на Мајна. Овде е роден Дирк Крекер, тој тука живее и работи. Неговото ателје се наоѓа во населбата околу главната железничка станица, која поради дрогата и милјето на црвените фенери не е на добар глас. Но, оваа околина му дава исто толку инспирација колку и за банкарската метропола типичниот скајлајн.

„Јас сум градско дете. За мене е тоа супер, јас воопшто не можам да си замислам да живеам во зеленило. Радо одам во природа, но и радо се враќам во мојот град и во моето ателје. Овде се одвива мојот живот, овде се луѓето со кои се среќавам. И тука постои густина која за мене претставува квалитет. Овде можам да видам неверојатно многу свет, едноставно одејќи низ две улици,“ вели Крекер.

Schreibmaschine Olympia Carrera de Luxe MD

Секоја машина има свој стил

Уметничките алати на Дирк Крекер, машините за пишување не се атниквитетски објекти. Повеќето ги има добиено на подарок или ги купил за малку пари на пазар за стари работи. Секој апарат има посебна типографија, својот сопствен стил. Уметност со машина за пишување - во компјутерската ера сепак нешто невообичаено.

„Машината за пишување потекнува од време кое има многу врски со модерната. Таа неверојатно го забрза целиот сообраќај со писма и оттука се надоврзува на она што денеска се случува со целата дигитализација. Тоа е меѓу чекор на патот кон забрзувањето.“

Една слика на Дирк Крекер чини до 9000 евра. Во неговите дела се отсликува погледот на уметникот на денешниот свет: на него тој гледа критички, но и со извесна фасцинација. Испишан, вели Дирк Крекер, урбаниот простор не е ни од далеку...