1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Уметност од чоколадо

Чоколадото за многумина е слатко искушение. За Нина Клос од Швабенхајм тоа е состојка со која таа секојдневно може да просперира.

„Чоколадото за мене секогаш е некој нов почеток, нешто ново да се испроба и секогаш одново се обидувам да ја откријам неговата креативна страна“, вели Нина Клос, производителка на чоколадо.

Уште кога се школувала за слаткар таа знаела дека нејзина работа од соништата е производство на чоколадо. Од пред една година таа има био-мануфактура. Нејзините пријатели биле скептични дека таа вистински ќе го направи првиот чекор кон самовработување. Но, бизнисот и’ оди добро. Таа работи седум дена во неделата и не ја загуби љубовта кон занаетот.

„Мене притоа не ми е здодевно, туку на тоа секогаш гледам како на нов почеток и како ова да го почнувам за првпат, секогаш како да го правам за првпат, како на истражувачко патување“, објаснува Нина Клос.

Extrem süß! gemalt, gehäkelt, gegossen, Werk von Peter Anton

Клос прави мали слатки креации

Со генерации нејзината фамилија живее од лозарство и земјоделство. Нина Клос е приврзана за родното место Швабенхајм. Во моментов не доаѓа предвид да се пресели кај своето момче.

„Овде едноставно пораснав, поврзана сум со лозарството, со Швабенхајм, со целата традиција. Тука започнав и да пејам во хор, што ми прави вистинско задоволство и тука има се’, секакви можности. Тука може вкусно да се јаде и човек тука едноставно е приврзан, а ако оди низ местово тогаш ќе биде поздравен од секого. Тоа е убавината. Мојата приказна е таква што јас сум порасната во домаќинство со четири генерации. Ние, значи најмалите во домаќинството, моравме да бидеме згрижени, и кога сите беа надвор во лозјата. Така имавме фиксен дневен ритам и тоа од мали нозе веќе е научено“, раскажува производителката на чоколадо.

Но, нејзиното детство не било лесно. Мајка и’ починала кога Нина имала шест години. Од неа таа ја наследила љубовта кон слатките. Мајка и’ со голема страст правела торти. Нина рано научила да се грижи за себе.

„Секогаш се трудам да ми биде добро и така да го најдам вистинскиот баланс, и покрај тешките фази во работата, посебно, на пример, во божиќниот период. Но, тоа што се чувствувам добро, вистинскиот баланс го наоѓам во јогата или во пеењето во хор. Тоа ми причинува големо задоволство“, вели Нина Клос.

Grüne Woche 2012

Чоколадните тартуфи го греат срцето

Таа живее под ист покрив со својот 85-годишен дедо и со неколку убави олдтајмери. По прераната смрт на мајка и’, бабата и дедото беа најблиските луѓе за неа.

Само два часа неделно и тоа секогаш во четврток од 16 до 18 часот нејзината мануфактура е отворена за муштерии. Најголем дел од чоколадните бомбони Нина Клос ги продава на пазарите.

„Дали има веќе нешто ново?“, прашува една муштерика дојдена во продавницата на Клос.

„Да, секако. Тука имам чоколадни тартуфи кои го греат срцето - со кари, со цимет, со кардамон и со каранфилче - значи вистински божиќни“, објаснува Нина Клос.

Сето тоа е рачна изработка. Многу чекори во кои мора се‘ да одговара. 4,50 евра чини на крајот еден чоколаден Дедо Мраз од 100 грама. Така таа нема да се збогати, ама за неа тоа и не е значајно.

„Кога луѓето стојат пред чоколадите и се гледа дека се навлажнува устата - тоа сметам дека е најдобрата реакција што може да се добие и најголемата пофалба“, вели Нина Клос.