1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Уметност од супермаркет

Во Берлин, три месеци во годината, е отворен супермаркет за уметнички дела. Сите се уникати, а цените им се исклучително поволни.

default

Уметност за секого - тоа е мотото на берлинскиот супермаркет за уметнички дела. Се продаваат исклучиво уникати од уметници од цел свет и тоа по ниски цени. Изолде и Михаел Јиргенс купуваат слика:

„Ова е убаво, ни одговара. Не‘ привлече и поради тоа што имаме врска со природата, а тука е и балонот.“

„Треба да виси над кујнската маса.“

Сликата чини само 50 евра. Во специјалниот супермаркет на продажба се околу 5 илјади уметнички дела.

Биргит Волф вели: „Во супермаркетот за уметност купувам со години. Цел стан ни е полн, сопругот е исто така одушевен од ова.“

Штефани Пржибилски, која исто така купува во супермаркетот, оценува: „Да, добро е. Има голем избор на дела од различни уметници. Цената е исто така фактор во галеријата.“

Токму за тоа станува збор - треба да се привлечат нови муштерии. Ваков супермаркет за уметнички дела се отвора по 12-ти пат во Фридрихштрасе, а тој е отворен во период од само три месеци.

Коосновачот на супермаркетот, Јулија Лојтвед, објаснува: „Во меѓувреме има многу постојани муштерии, но делумно и нова публика која не се занимавала со уметност и која овде е случајно. Со оглед на тоа што се‘ е обележано, можат директно да се информираат за цената. Евтино е и иако не се надевале, често купуваат.“

Така е и со Лена Герике. Нејзината слика чини само 69 евра и добива почесно место во кујната.

„Изгледа супер, одговара перфектно на масата и на часовникот.“

Вистински уметнички дела, по исклучително поволна цена.