1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Уметност или...?

Неколку конзерви боја , ѕид, и веднаш имате графит. Без разлика дали станува збор само за незаконско празнење или пак за уметност , една изложба која деновиве можеше да се погледне во германскиот град Нирнберг прави обид да фрли повеќе светло врз овој урбан феномен.

default

Одамна се поминати деновите кога гневот на младите луѓе од генерацијата 68-ма ги тераше да пишуваат политички слогани на оградите и ѕидовите за време на ноќта. Во денешно време младите не се толку засегнати од денвнополитичките прашања , туку преферираат трчаат на околу со конзервите боја , правејќи креации кои се на половина пат меѓу уметноста и уништувањето на сопственоста.

Човек може да ги најде на ѕидовите на зградите во подзените пасажи на возовите а деновиве и во централната библиотека во Нирнберг. Тие блескаат и врескаат , разнобојни се и живописни:

„ Графитите се полууметност. Тоа е неспорно“ – вели Зигфрид Лејкам кој ја состави колекцијата за изложбата во нирнбершката библиотека. Според него многу музеи се заинтересирани за творците на графити, а тие не се сметани за уметност пред се поради тоа што се прават пред се незаконски.

На влезот во изложбената сала стои табла од дрво , со големина од 40 квадратни метри на која можат да се видат спрејови со боја и слики направени со нив во една законска графити акција. Прекриена со апстрактни фигури , таблада служи како основа или вовед во изложбата на 150 фотографии на графити кои се сликани пред се во областа Франконија во јужна Германија.

Министерот за внатрешни работи на Германија Ото Шили неодмна излезе со идеја да користи хеликоптери и камери со инфрацрвено светло за да ги лови творците на графити . Лејкам смета дека тоа е претерано и оти постојат поинакви начини да се контролираат графити творците:

„Мора да биде изнајден начин за дијалог меѓу властите и графити ентузијастите , бидејќи со забрани и апсења неможе да се реши проблемот“

Графитите не се феномен на модерното време. Викинзите на пример цртале слики и пишувале кратки пораки за себе очо нивните сакани на светите погребни места откако ја освоиле северна Шкотска . На изложбата во Нирнберг има фотографии од грефити стари неколку векови направени на една куќа која ја изградила за себе една религиозна група во 1516-та година.