1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Уметност во подземна железничка станица

Од уметнички агол Дуизбург ја има највредната станица за подземна железница во Германија. Во 1992. година уметникот Герхард Рихтер заедно со Иза Генцкен ја уредуваше подземната железничка станица „Кениг-Хајнрих-Плац“.

Фотографии од мостови на Рајна, големи огледала, шарен емајл на ѕидовите и столбовите. На секое застанување едно вистинско уметничко дело. На патниците им се допаѓа тоа.

„Мислам дека станиците на подземната железница во Дуизбург се супер, бидејќи сите се така уредени, и секоја станица има свој сопствен карактер“.

„Многу атрактивно, имено животот е секако доволно мрачен, зар не“.

„Кениг-Хајнрих-Плац, значи оваа станица, таа е посебно убава, кога ќе се спореди со Штајнише гасе или со Дуисерн, овде има повеќе боја, подобро е уредено, со огледалата, тоа особено ми се допаѓа“.

Да нема повеќе мрачни, страшни ходници - тоа сакаше да го постигне уметникот Герхард Рихтер, кога во 1992. година со неговата тогашна сопруга Иза Генцкен ја уредуваше станицата. Во големите огледала патниците би требало да се посматраат себе си и својата околина.

На првиот кат Герхард Рихтер работеше со бои, кои ја отсликуваат врвулицата во подземната железничка станица.

„Ако се погледне оваа гредна композиција, која е многу комплицирана, бидејќи е многу долга и воопшто не е висока, тогаш се гледаат се разбира и сите движења кои се поврзани со возењето, со железничките шини, кои концентрирано се отсликуваат во оваа изворедна композиција“.

Мостовите на Рајна на ѕидовите во подземната железница

Герхард Рихтер не е единствениот уметник кој уреди железничка станица во Дуизбург. Фотографот специјализиран за архитектура Томас Риле го фасцинираат мостови - и тоа уште од 80 -тите години. Тој постојано е во потрага по нови перспективи.

На црно-бели фотографии во голем формат на станицата на подземната железница Мајдерих се претставени 16 мостови на Рајна. Фотографиите го покажуваат патот од изворот на Рајна се' до влевањето во Северно Море. На земја - пред секоја слика се наоѓа мала плочка на која се впишани километрите што ги минала реката. Железничката станица во Дуизбург е соодветно место за неговите фотографии, смета ументикот Риле:

„Повеќето мостови воопшто на Рајна се од челик и се изработени во Дуизбург или во Оберхаузен и оттука оваа тема тука е сосема соодветна.“

Наредната станица ја уреди уменикот Манфред Фогел. Таа е отворена во 1992. година - тогаш Манфред Фогел се сметаше за најдобриот уметник во Дуизбург. Црвената и жолтата боја ги претставуваат оганот и челикот, додека сината е вода.

„Знаковниот јазик, кој го употреби уметникот е апстрахиран, но од друга страна е толку конкретен, што може да се препознаат пристаништа, бродови, птици, кулата на собранието или патеката на регатата и исто така производите од така да се каже челичната индустрија, значи има полно асоцијации за типични мотиви за Дуизбург“, в ели Брокхаус.

За да се открие уметноста во подземната железница на Дуизбрг е потребен само еден билет од 2 евра и 50 центи.