1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Уметноста на просветителството

Во Кина е отворена најголемата изложба на германска уметност во странство. Мамутскиот проект во Пекинг се вика „Уметноста на просветителството“ и може да се види во Националниот музеј на Плоштадот на небескиот мир.

Изложбата ќе трае цела година

Изложбата ќе трае цела година

На ниту едно друго место во Пекинг моќта на еднопартиската држава не може да се почувствува толку како на Плоштадот на небескиот мир. Меѓу огромниот број посетители има насекаде полицајци, воена полиција и луѓе на безбедносните служби во цивилна облека. Наспроти огромниот Национален музеј е обесен

Се прикажуваат 450 експонати

Се прикажуваат 450 експонати

портрет на основачот на државата Мао Цетунг. Директно пред него минува Улицата на вечниот мир, каде во 1989 година трупите интервенираа против народот. Токму на ова место една година ќе се прикажуваат околу 450 експонати од уметничките збирки од Берлин, Минхен и Дрезден, кои треба да придонесат за сфаќање на просветителството како културноисториска епоха. Епоха која во Европа ги постави темелите за слободарски вредности и човекови права. Сепак, со изложбата не се следат експлицитни политички пораки, вели Мартин Рот, генерален директор на дрезденските Државни уметнички збирки:

„Уметноста прикажува две, три или четири нивоа на една тема, таа не е плакативна, не ја изнесува темата нанадвор, туку во нејзе треба да се нурнете и ние со оваа изложба се обидуваме тоа да го направиме, преку многустраноста на уметноста. Не мислам дека ќе ја разберат сите посетители, но не би ја разбрале сите ниту во Германија. Треба да навлезете во темата, но се разбира, може едноставно и само да се ужива во убавите слики.“

Со изложбата не се следат експлицитни политички пораки, вели Мартин Рот, генерален директор на дрезденските Државни уметнички збирки

Со изложбата не се следат експлицитни политички пораки, вели Мартин Рот, генерален директор на дрезденските Државни уметнички збирки

Станува збор за многу повеќе од само убави слики

Преку девет теми изложбата прикажува различни аспекти на просветителството, како новиот интерес за историјата, создавањето на модерните науки во 18. век или настанувањето на еманципираната јавност, која ја дава основата за европското разбирање на слободата на мислење и плурализам. Организаторите на изложбата се надеваат дека со тоа ќе поттикнат дебати. За такво нешто, според кинескиот најпознат уметник Аи Вејвеј, уапсен во неделата (03.04), во моментов има мали шанси:

„Европејците во 17. и 18. век ги создале овие извонредни вредности, но Кина до денес не се осмелува да им се препушти. Изложба на уметнички слики во масло, од аспект на владата, е во ред, но дебатите околу тоа не се дозволени.“

Преку девет теми изложбата прикажува различни аспекти на просветителството

Преку девет теми изложбата прикажува различни аспекти на просветителството

Се‘ повеќе теми во Кина се табу

Просторот за јавни дебати во изминатите години се намали. Просторот за критика во Кина денес е толку ограничен, како што не бил во изминатите 30 години, се жали и филозофот Су Јоују:

„Токму на Кина денес и‘ е потребно просветлување. Идеите не се застарени. Се разбира има различни дефиниции за тоа што е просветителството. Мене ми се допаѓа најмногу онаа на Кант, кој зборува за ’излез на човекот од неговата незрелост, за која е самиот виновен’. Со оглед на ситуацијата во нашата земја мојата дефиниција гласи: ’Просветителството е повторно воспоставување и заштита на човековите права’.“

Но Националниот музеј како коорганизатор на изложбата тешко дека ќе дозволи дебати токму за тоа, за основните вредности на просветителството. На кинеската официјална страна ионака во преден план се помалку еманципаторските апсекти на просветителството, а повеќе се истакнува темната страна на европскиот развој, како колонијализмот, од кој страдала и Кина.

Автор: Рут Кирхнер / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска