1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Уметноста на изработување фалти

Фалтите се нешто прекрасно, тврди Андреа Шац. Таа мора тоа да го знае, бидејќи е една од последните која ја владее уметноста на фалтите, односно рачно изработеното плисе.

„Прекрасните стари форми ги добивме пред осум години во работилница која се’ уште плисира во Минхен“, вели Андреа Шац, изработувачка на фалти

Овие хартиени шаблони на семејстово Хилс, изработувачи на фалти, се незаменливо богатство.

„Ова е старо илјадници години. За жал денес нема веќе луѓе кои знаат како ова е превиткано. Со оглед на тоа што е многу е старо, веќе нема кој да се праша, бидејќи професијата за создавање вакви калапи за жал повеќе не постои. Ова е посебен примерок. Се работи за сончево плисе. Еве и форма на скалест примерок, која е исто така посебна. Ова го научив од д госпоѓата и господинот Хулс. Тие со нас работеа четири месеци, ми покажаа многу трикови и ни пренесоа искуство“, вели Андреа Шац.

Таа преземала 50 различни хартиени форми. Андреа Шац сакала да плисира прво за себе, пријателите и познаниците. Во меѓувреме, тоа станало вистински мал занаетчиски бизнис. Зборот плисира е од француско потекло и значи преклопување. Тоа е многу стара уметност на рачна изработка. Ткаенината се става меѓу два шаблони и се притиска.

„Тука сега имаме една посебна форма на набори. Тука има голема фалта. Оваа на пример. И, на крајот доаѓа една голема превртена фалта, која оди десно и лево во комбинација со три следни мали фалти“, вели изработувачката на фалти.

Dirndl Trachtenmode

Фалтите треба да го издржат седењето во гостилници, на пример, на Октоберфест

Андреа Шац ја има својата занаетчиска работилница за фалти во 300 години стара селска куќа во близина на Минхен. Хартиените ролни со ткаенина се ставаат во печка во поранешната свинска кочина. Таму плисето се фиксира со пареа на температура од 160 Целзиусови степени. Ова трае околу 20 минути. Сепак, ткаенината е значајна за задржување на фалтите.

„Од материјалите е најдобро да се плисираат оние со мала синтетичка содржина, бидејќи секако дека се седи на здолништата. Тие треба да издржат кога се оди во црква, кога се седи во гостилница или кога се патува кон дома со автомобил“, вели Андреа Шац.

Или, пак, кога се седи во дирндл на Октоберфест. Затоа нејзините креации се прифатени со задоволство. Андреа Шац е среќна. Таа имено не може да живее од правењето фалти, но напорната работа во секој случај се исплаќа, смета таа. Пред се‘ кога на муштериите нејзините фалти им се допаѓаат колку и нејзе.