1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Уметноста во песок на сурферот Сем Дугадос

Сликањето на песок е техника која Сем Дугадос ја одбрал како свое ликовно изразување. Неговите „интервенции на песок“ се од кус век, но фотографирани тие можат да се видат на изложби.

Седум часот наутро во Биариц, на југот на Франција. Сем Дугадос е веќе на плажа и се подготвува за новиот ден. Единствена алатка на овој уметник се гребла. Со нив на песокот слика гигантски слики во својот роден град Биариц, но и на брегот на јужна Англија или пак на Бермудските острови.

„Живеам во близина на плажата и овде го имам најубавото ателје кое може да се има. Се' е полно со живот, го слушам шумолењето на морето и го чувствувам мирисот на солената вода. Сакам тука да го минувам своето време.", вели Сем Дугадос, сурфер и уметник на плажа.

Спонтани мотиви

Sandanimation, Sandkunst Flash-Galerie

Во својата работа Сем Дугадос мора да се прилагодува на законите на природата, само осеката му дава доволно голема површина.

Ширум светот има направено повеќе од стотина слики. Во зависност од големината, за тоа му се потребни меѓу 2 и 5 часа. Тој свесно не сака да користи јажиња или некои други помошни средства. За пропорциите да бидат во ред Сем Дугадос става ознаки во песокот и ги брои своите чекори. Мотивите ги одбира спонтано, во зависност од обликот и големината на плажата.

Негова публика се сурферите, капачите и шетачите. Но, сликите не ги заобиколуваат баш сите.

„Не можам ништо против тоа. Плажата им припаѓа на сите, а јас често ја користам целата нејзина ширина. Но, мислам дека е многу убаво кога некогаш луѓето на свој начин влегуваат во мојата работа. Тоа на моето дело му дава сосема друг живот. Или на пример, кога децата танцуваат на него или играат.", вели Сем Дугадос.

Уметност интегрирана во околината

Тој во моментов својата уметност ја изложува само во Биариц. Своите мотиви насликани на песок ги фотографира. Сликите ги пренесува на тенки алуминиумски плочи, што создаваат посебни светлосни ефекти.

„Сакам својата уметност да ја интегрирам во природата. Кога ќе се се создаде врска помеѓу природата и уметноста, делото станува поживо, за разлика од уметноста која само се поставува на некоја бела подлога."

Сем Дугадос станува рано и работи по неколку часа на неговите дела. Се исплати рано да се стане, за да остане време и за фотографирање на делото во песок. Два часа уметничкото дело останува во песокот, а потоа плимата измива се'.