1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Студирање во Германија

Уметнички школи и академии за музика и филм

Сите оние кои сакаат да се чуе за нив во светот на уметноста мора уште пред почетокот на студиите да го докажат својот талент. За упис на уметничките школи и академии во Германија неопходно е полагање приемен испит.

default

На уметничките академии се образуваат надарени студенти за професии од сферата на уметноста. Талентот е основен предуслов за студирање на овие факултети. Гаранција за вработување не постои однапред. При пријаувањето, кандидатите мора да приложат портфолио со свои уметнички дела, а откако ќе ја поминат евалуацијата, добиваат евентуално и покана за приемен испит. Запишувањето на факултетите за уметности во некои случаи е можно и без претходно положена матура. Пожелно е кандидатот однапред да се информира за сите детаљи поврзани со институцијата, бидејќи секој факултет самостојно ги утврдува условите за упис,

Креативни и иновативни

Kunstakademie Düsseldorf

Уметничката академија во Диселдорф

Јадрото на уметничките академии го сочинуваат студии по сликање, графика, дизјн и обликување, скулпторство и студиите за настава по уметности. Понудата ја заокружуваат архитектура, сценографија, керамика, витраж, реставрација и медиумска уметност кои се различни од академија до академија. Некои од нив имаат и специјални уметнички студии, како на пример, Факултетот за графика и книжевна уметност во Лајпциг каде се одржува мошне популарен саем на книгата. Овој факултет во 1983 година за првпат понуди студии по фотографија во Германија и до денес претставува важна крстосница за многу издаваштва од земјата. Од друга страна, Факултетот за уметност и дизајн „Бург Гибихенштајн“ од Хале претежно се занимава со индустриски дизајн, интериер, екстериено и еколошко планирање.

Прва виолина

Musikinstrument Violine

Слух, хармонија, пеење или свирење: предуслови за врвна музичка дејност

Музичките академии опфаќаат студии по свирење, пеење, компонирање и диригирање, а некои нудат и студии по црковна музика, џез, музичка режија за театар и сценско танцување. Меѓу нив припаѓаат и музичка педагогија и настава по музика. Пред уписите, кај сите кандидати се тестираат слухот, хармонијата, пеењето или свирењето на одреден инструмент. За запишување на музичка наставна насока неопходна е соодветна средношколска диплома со положена матура, додека кај некои други насоки доволно е да се положи само приемниот испит.

Слика, тон, текст

Факултетите за модерни медиуми образуваат режисери, камермани, сценаристи итн. Практичните студии по медиуми во Германија имаат своја традиција на Факултетот за телевизија и филм во Минхен и на Факултетот за филм и телевизија „Конрад Волф“ во Потсдам-Бабелсберг, каде се подготвуваат идните филмски, односно телевизиски работници. Уметничкиот факултет за медиуми од Келн како единствен факултет за сите аудиовизулени медиуми се прослави како исклучително квалитетна високообразовна институција од овој вид. Поради големиот интерес за понудените студии на овие факултети, изборот на студенти се врши преку опсежни усни и практични тестови.

Автори: Кристина Унзелд / Габи Ројхер / Далибор Стајиќ

Редактор: Александра Трајковска