1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Уметнички филмови нон-стоп

Souvenirs from Earth.TV е првиот телевизиски канал, кој 24 часа емитува уметнички филмови. Досега овие филмови можеа да се видат само преку кабловска телевизија. Од пред кратко време тие се достапни преку интернет.

На видео уметниците не им е лесно. На големите фестивали нивните трудови се ставаат на втор план. Затоа Маркус Крајс и Алек Крајтн го основаа ТВ каналот Souvenirs from Earth.TV кој преку кабловска мрежа ги прикажува уметничките филмови во полна должина.

Souvenirs from Earth

Souvenirs from Earth.tv - The Great Western Singularity (Eric Schockmel)

„Клоуд куко ланд“ – се вика филмот на уметничката двојка од Њујорк Ерик Московиц и Аманда Трегер.Станува збор за комбинација на видео опера и музички клип. Мајката и таткото, кои ги играат авторите на филмот, расправаат, пеејќи, пред камерата за воспитување на децата и претстојната преселба. Филмот е претставен на бројни фестивали и изложби. Сега се прикажува на програмата Souvenirs from Earth.TV.

„Седам во студиото во Келн и се обидувам да набавам што повеќе број квалитетни видео трудови за нашата програма. Целиот ден сум во потрага по интересни работи, комуницирам со уметниците, одговарам на мејловите, посетувам разни биенале манифестации и филмски фестивали”, вели Алек Крајтн.

Kunstfernsehkanal Souvenirs from Earth TV

Маркус Крајс и Алек Крајтн

„Сувенири од земјата“ е прв ТВ канал кој 24 часа прикажува уметнички филмови, музички видео трудови, документации за инсталациите и перформансите. Во изминатите четири години прикажани се 1.500 трудови, а програмата можеше да се следи и на германската и на француската кабловска телевизија. Алек Крајтн, задолжен за квалитетот на програмата која се емитува вели: „Како уметник се потпирам на интуицијата, но изборот на трудовите се базира исклучиво на искуството. Се обидувам да пронјдам нешто во духот на нашето време, што ни ги проширува хоризонтите на перцепцијата.“

На крајот на видеото, „Клоуд куко ланд”, на екранот се емитува цитат на Нам Јуне Паик, кој се смета за татко на видео уметноста: „Телевизијата не´ напаѓаше целиот живот, сега ние возвраќаме удар и правиме сопствeнa телевизија“.

Автор: Сабине Елце/ Светлана Брик

Редактор: Александра Трајковска

WWW-линкови