1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Ултралесните летала во тренд

Покрај Ербас и Боинг, надлежни само за големи патнички авиони, има редица други помали производители на најразновидни летала. Некои од нив беа изложени на саемот АЕРО во Фридрихсхафен.

Саемот АЕРО во Фридрихсхафен

Саемот АЕРО во Фридрихсхафен

Ултралесните летала одамна веќе не изгледаат како столици со мотор од косилка за трева. Малите авиони со две седишта денес без проблеми можат да прелетаат стотици километри. Релативно нови се ултралесните летата на принцип на хеликоптер. Разноликоста и споредбено ниските цени придонесуваат за постојан пораст на оваа бранша. Годишно се произведуваат по околу 280 летала по цена од 50 илјади евра, па нагоре. „Најбитната причина се крие во цената. Ние сме значително поповолни од спортското летање, а тука е и задоволството од експериментирањето со ултралесните летала, што е уште повеќе нагласено и

Саемот АЕРО во Фридрихсхафен

Саемот АЕРО во Фридрихсхафен

поради фактот дека надлежни за оваа област се здруженијата, а не државните власти“, анализира Џо Конрад од Германското здружение за ултралесни летала.

Градители на ултралесни летала најчесто се мали и средни претпријатија. Комко е најстариот германски производител, кој веќе речиси 30 години гради лесни моторни летала. Актуелниот модел е на пазарот повеќе години и досега се продадени повеќе од 1200 примероци - и се’ уште е баран. Германските производители се развија во водечки во браншата. Нивните летала, натоварени смеат да тежат најмногу половина тон. Поради тоа се употребуваат само лесни и стабилни материјали за градба. Помалите летала на крајот се не само полесни, поповолни и поекономични, туку честопати и побрзи отколку поголемите класи. За многу модели постигнување брзина од 200 километри на час воопшто не претставува проблем.

Побарувачката за германските летала во светот расте

Саемот АЕРО во Фридрихсхафен

Саемот АЕРО во Фридрихсхафен

Хорст Либ од фирмата „Комко/Икариус“ вели дека постојано се освојуваат нови пазари. „Откако во последно време се држевме резервирано во САД и не се ангажиравме многу, сега почнавме да се активираме пазарно-стратегиски и веќе за наредните години таму гледаме пазар во силен пораст. Во Азија го шириме присуството“.

И кај лесните летала голема тема се хибридните и погони на електрична енергија. Но, во здружението се повеќе критички расположени во тој поглед. „За догледно време електромоторот служи само како помош за старт и за нагорен лет“, вели Џо Конрад.

Тој мотор, значи, е интересен само за најмалите летала кои уште спаѓаат во оваа категорија, моторните падобрани. За нив веќе има функционални електрични погони и наскоро можат да ја истиснат бучавата на моторите со внатрешно согорување.

Автор: Маркус Бениш/ Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска