1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ултиматум од Мушараф до исламистите

*

Пакистанските сили за безбедност го заслуваат притисокот црз исламистите забарикадирани во комплексот на Црвената џамија во главниот град Исламабад. Стотици војници го стегнаа обрачот околу опколената џамија. Во нејзините ѕидишта со експлозив се направени повеќе отвори, за – како што е речено - да им се овозможи бекство на многу жени и деца кои биле користени како жив штит.

Пакистанскиот претседател Первез Муѓшараф ултимативно побара од исламистите да се предадат, во спротивно ќе бидат убиени. Министерот за внатрешни работи Афтаб Ахмед Шепак им порача: “Ова предупредување тие треба сериозно да го сфатат, инаку ситуацијата моќже да се сврти на полошо”.