Ултиматум за Франција од Талибанците | Вести | DW | 21.04.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ултиматум за Франција од Талибанците

Талибанските бунтовници во Авганистан и поставија ултиматум на Франција да ги повлече своите војници од оваа земја во рок од една недела и да се погрижи за ослободување на талибанските затвореници од авганистанските затвори . Во споротивно Талибанците преку интернет соопштение се заканија дека двајцата француски заложници кои беа киднапирани на почетокот од месецов во југоисточната провинција Нимроз соодветно ќе бидат третирани. Владата во Париз засега нема засемено став во однос на барањата на Талибанците.