1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Улрих може целонсо да потемне!

Големата спортска манифестација Тур Д’ Франс заврши. Но покрај големите спортски успеси и изненадување, останува сенката која пред самиот почеток на трката ја фрли најновиот допинг скандал врз двајцата годинешни фаворити.

Јан Улрих

Јан Улрих

На викендот заврши уште една голема меѓународна спорстка манифестација – годинашната веслосипедска трка Тур д’Франс, „Особено му благодарам на мојот тим кој постојано веруваше во мене, посебно во моментите кога работите не одеа така добро“ – зборови на победникот, Американецот Флојд Лендис, кој уште вели „Со обидов да го сторам најдоброто во лошата ситуација во која се најдов. Претходно имав лош ден. Во клучната претпоследна етапа немав избор откако претходно загубив 11 минути. Тоа беше голема разлика за надоместување, но се разбира бев решен да вложам се’ и да се обидам“ – вака Ландис од свој агол ја опиша разврската на годинашниов Тур по извозените 3657 километри..

Германците можат да бидат задоволни

Германците во екипна конкуренција победа на тимот на Т-мобајл, Андреас Кледен поединечно на третото место, зад Ландис и Шпанецот Переро. „Да, тоа што сепак успеавме да се најдеме на подиумот е награда за целата работа на тимот. Ова е убаво чувство“ – рече Кледен „Тимот возеше многу силно, со етапни победи, со жолтата маичка. Ние сите меѓусебно се бодревме. На старт бевме само седуммина, тоа значеше двојно оптоварување. Мислам дека се’ нправивме супер и сите можеме да бидеме горди“.

Главните фаворити суспендирани

Трката привлече посебно внимание со оглед на суспендирањето на двајцата главни фаворити – Германецот Јан Улрих и Италијанецот Иван Басо непосредно пред нејзиниот старт. Учеството на обајцата им беше забрането поради сомневања дека се вплеткано во допинг-скандал.

На ѕвездата на Јан Улрих и’ се заканува опасност сосем да потемне. Освен што не можеше да настапи на Тур Д’Франс, на кој ќе беше еден од главните фаворити во отсуство на седумкратниот победник Ленс Армстронг, тој на крајот од минатата недела доби и отказ од тимот на Т-мобајл, чиј капитен беше. Се’ повеќе индиции имаше дека е сериозно вплеткан во допинг-афера отворена од страна на шпанските власти во врска со истрагата против еден тамошен лекар. Тој на даде во рокот што му беше поставен доволно објасненија, се повика на претппставката на невиност додека не му се докасже вината и одби да се подлиожи на ДНА-тест со кој би докажал дека не е виновен.

Отказот го доби по факс од страна на адвокати, што го означи како срамна постапка. Портпаролот на т-мобајл Филип Шиндера објасни:„Ги молевем да дадат изјави до одреден момент. Тоа изостана, дојде само изјава дека не моарме да ја докажуваме својата невиност. Адвокатите ја проверија целата ситуација и дојдоа до став дека суспензијата кога и да е мора да буиде укината и да се донесе решение во една или друга насока. Ние се решивме за отказ“.