1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Улрих втор, без шанси за првото место; Борусија (Д) елиминирана во Купот

Денеска се вози последната етапа на велосипедската трка „Околу Германија“. Последниот натпревар од првото коло на главната рунда на фудбалскиот куп на Германија донесе уште едно изненадување.

Германскиот велосипедски ас Јан Улрих: возењето на хронометар го доведе до 2-то место на трката „Околу Германија“

Германскиот велосипедски ас Јан Улрих: возењето на хронометар го доведе до 2-то место на трката „Околу Германија“

Јан Улрих како второпласиран во генералниот пласман влегува во последната етапа на траката „Околу Германија“, објективно погледнато без шанси за освојување на првото место. Во вчерашното возење на хронометар тој даде се’ од себе, беше најбрз и го остави 56 секунди зад себе Леви Лајпхајмер, кој води во генералниот пласман, но не успеа целосно да ја анулира предноста на Американецот. „Ова е голем успех за нашиот тим и за мене, оти цела недела се чувствував болен. Денеска конечно имавме среќа и со времето. Лајпхајмер веќе не ќе можам да го достигнам, но ќе бидам на подиумот“ – рече Улрих по вчерашната етапа. Денеска тој би требало да надомести уште 31 секунда за сепак на крајот да се искачи највисоко на победничкиот подиум.

Последниот натпревар од првото коло на фудбалскиот Куп на Германија донесе уште едно изненадување: новиот член на втората лига Ајнтрахт Брауншвајг го елиминира прволигашот Борусија Дортмунд со победа од 2 спрема 1. Ајнтрахт Брауншвајг останува плашило за прволигашите, бидејќи претходните сезони во Купот ги елиминира и Кајзерслаутерн, Хановер и Херта.