1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Улогата на Светската банка во глобалниот свет

Класичната улога на Светската банка е надживеана. Веќе не помага помошта за сиромашните земји што немаат суровини. Шефот на банката Роберт Зелик ја започна работата со намера да ја оспособи за глобалните предизвици.

default

Роберт Зелик со германската министерка за развој Вичорек Цојл

Роберт Зелик бара Соединетите Американски Држави и Европа да ги отворат своите пазари за земјоделските производи. Само така може да се постигне милениумската цел гладта во светот до 2015 година да се намали за половина. Многу е важно Европа и САД да ги намалат субвенциите и да ги завршат преговорите во Светската трговска организација започнати во Доха. Со посебен соврт врз развојот во Африка и во сиромашните земји на тој континент, Зелик вели: „Нашите истражувања покажаа дека користа при редуцирањето на сиромаштијата е трипати поголема ако се инвестира во земјоделството, отколку во други подарчја. Тоа е и разбирливо зашто 70 до 75 проценти од сиромашните живеат на село. Значи таму би се добиле најголемите растежи и приходи„.

Важен е пазар без стапки и тарифирни договори

Сепак, Европа и други држави користат повеќе хигиенски стандарди за да ги блокираат производите од сиромашните држави: „Тоа е разбирливо и ние мораме да им помогнеме на земјите во развој да ги достигнат тие стандарди. Меѓутоа, тоа може да се гледа и како нова форма на протекционизам„.

За улогата на Кина во Африка, Зелик вели дека земјата настојува да стане економска сила и затоа мора да се соработува со неа:

„Важно е Кина да стане одговорен актер во меѓународниот економски и развоен систем„.Кинезите во моментов многу инвестираат во Африка: „Тоа може да биде многу добро, ако се направи добро и ако не води кон корупција„.

Посредничка улога во Африка

Улогата на Светската банка во Африка, Зелик повеќе ја гледа како посредничка. Во просек, вели, секоја африканска држава има 300 различни донатори со илјадници различни програми од кои секоја изнесува околу милион ипол долари. Тоа е напор за африканските земји, смета Зелик: „Ние соработуваме со државите за владите да имаат чувство дека станува збор за нивна сопственост за да се интегрираат во тие програми. Во тоа ние го даваме својот удел. Така се постигнува рамнотежа без оглед дали станува збор за образованието, здравството, вкупните инвестиции, промената на климата или за финансискиот сектор„.

Зелик е задоволен од германската поддршка на Светската банка. Канцеларката Ангела Меркел, министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер и министерот за финансии Пер Штајнбрик се секогаш подготвени да помогнат. Сепак, Зелик предупредува: „За време на мојата посета на Берлин разговарав со членови на парламентот. Таму ме пречека феномен што го познавам и од други држави. Имаат потреба да кажат:’Ние инвестиравме пари во тој и тој регион и затоа сакаме од тоа да профитираат германските, а не мултилатералните програми„.

Ова е погрешно, вели Зелик. Многу повеќе мора да се внимава од инвестицијата да се извлече најдоброто и притоа да се настапува мултилатерално. Германија секогаш се чувствуваше обврзано, вели Зелик и се надева дека така ќе биде и во иднина.