1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Улогата на САД во светската финансиска криза

Како да се пронајде одговор на финансиската криза? За ова прашање ќе се разговара на Светскиот финансиски самит во Вашингтон. Каква е позицијата на САД пред средбата?

default

Вол Стрит

Aвантуристичките конструкции за хипотекарни кредити во САД го одбележаа почетокот на кризата на финансиските пазари. Пропаднатите заеми предизвикаа фатална верижна реакција, којашто се чуствува низ целиот свет. Шпекулативните зделки, хеџфондовите и нетранспарентните форми за инвестирање придонесоа за хаосот, чиј крај сеуште не е на повидок. Многу финансиски експерти се единствени во ставот: сеедно што ќе донесе Светскиот финансиски самит, тој ќе биде самит на губитници. Никој нема да помине без последици.

САД во центарот на случувањата

Потикната од колапсот на познати големи американски банки, владата на САД го подготви најкомплексниот финансиски план за санација во историјата на земјата: пакет тежок 700 милијарди долари.

USA Finanzkrise George Bush Rede in Washington Handelskammer

Американскиот претседател Буш

Сепак најголеми грижи на САД им претставува создавањето на нови трговски бариери и ограничувањето на слободниот пазар. Ова очигледно е многу растеглив поим за американскиот претседател, кој со пакетот за санација и самиот овозможи државно влијание. „Владата и натаму ќе има ограничена улога, а мерките нема да се спроведат за да се укине слободниот пазар туку за да се спаси,“ рече Буш.

Потребни се нови мерки за да и се стави крај на кризата

Нови трговски бариери и ограничување на слободниот пазар - две од низата мерки кои ги бараат владите ширум светот за да и се стави крај на финансиската криза. Теми, за кои се разбира, треба да се разговара и на престојниот Светски финансиски самит. Буш добро го знае тоа и веќе сигнализираше дека ќе пружи отпор против европските планови за реформа на финасиските пазари. Оттука, едно од барањата, како што се дознава од американски владини извори, ќе гласи: оставете го намира пазарното стопанство да функционира како досега.

Но, за ова барање најверојанто нема да добие ништо повеќе отколку љубезна насмевка. Имено, по изборот на Барак Обама за нов претседател, Буш во САД се смета за „lame duck“ - во американскиот систем вака се нарекува претседател или политичар кој сеуште е на функција, но не може или не сака да биде реизбран. Сепак, Буш се’ уште ја извршува претседателската функција и може да донесува важни одлуки, но и да ги блокира. Нешто, што не е исклучено дека ќе го стори.