1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Улогата на Иран, според израелски проценки

Официјално во новата блискоисточна војна, Израел војува против Хезболах. Меѓутоа, позади се крие друга сила: Иран кој сака да го одвлече вниманието од неговата атомска програма. Во Израел за тоа постои целосна согласност:

Израел напаѓа, Хезболах возвраќа: кој ги влече конците?

Израел напаѓа, Хезболах возвраќа: кој ги влече конците?

Иранската амбасада во Дамаск во моментов е претворена во главен штаб на Техеран во Сирија. Од таму се координираат воените акции на Хезболах против Израел, на борците во Либан им се ставаат на располагање воени системи и логистика, а иранскиот сојузник Сирија испраќа стратегиски инормации за Израел во форма на сателитски слики.

Овие проценки на израелските тајни служби деновиве масовно се шират преку медиумите, но не само таму: изарелскиот премиер Ехуд Олмерт и цврсто убеден дека Иран од сопствени причини го подгреал нападот на проиранската организација Хезболах врз израелските гранични позиции на 12 јули. Времето на нападот воопшто не е слуајно, вели Олмерт. Тој бил договорен со Иранците за да се оттргне вниманието на меѓународната заедница од иранската атомска програма. Точно е дека на тој ден режимот во Техеран се најде соочен со јасен ултиматум од САД, ЕУ, Русија и Кина: ако Техеран конечно не реагира на меѓународната понуда, конфликтот околу атомската програма веднаш оди во Советот за безбедност. За жал, трикот на Техеран функционираше, верува Олмерт:

„Единиците функционираат како терориститички организации со охрабрување и финансиска помош од влади што го помагаат тероризмот и кои се против мирот – тоа е грдиот пат на Техеран и Дамаск„.

Надворешно-политички владата на Израел скоро секој ден се обидува на меѓународната јавност да и укаже на таа оска, која американскиот претседател Џорџ Буш уште пред три години слично ја нарече. Шефицата на израелската дипломатија Ципи Ливини вели:

„Израел се бори за тоа да ја елиминира заканата од оската на тероризмот и омразата во која се Хезболах, Хамас, Сирија и Иран„.

Каао што се проценува во израелската влада, Хезболах би го напаѓал Израел уште пожестоко, до колку Иран веќе би имал атомско оружје.