1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Улогата на ЕЦБ пред Уставен суд

Улогата на Европската централна банка во спасувањето на еврото од денеска (11.06) е под лупа на германскиот Уставен суд во Карлсруе. Го пречекорила ли ЕЦБ својот мандат? Пресудата се очекува наесен.

Тоа беше најголемата тужба пред Уставниот суд во историјата на Германија. На тужбата против постојаниот фонд за спас на еврото ЕСМ, поднесена од професори и пратеници, минатата година и‘ се приклучија над 37.000 граѓани. Највисокиот суд во итна постапка додуша даде зелено светло за ЕСМ, но не го криеше својот сомнеж во однесувањето на Европската централна банка. Во главниот претрес, кој почнува денеска, судот треба да провери дали ЕЦБ во спасувањето на еврото го пречекорила својот мандат.

Дуел меѓу Бундесбанката и ЕЦБ

Бундесбанката и ЕЦБ по ова прашање веќе разменија неколку удари преку стручни проценки. Бундесбанката е незадоволна пред се‘ од таканаречената ОМТ-програма на ЕЦБ, донесена минатиот септември, со која во случај на нужда може да се купуваат неограничено многу обврзници на државите во криза. ЕЦБ на тој начин „целно би купувала обврзници со лош бонитет“ и би ги зголемувала ризиците, оценува Бундесбанката. На тој начин, како што се тврди,

Joachim Starbatty

Јоахим Старбати, еден од тужителите

ЕЦБ го пречекорува својот мандат за одржување на стабилност на вредноста на валутата. Ваквиот став го дели и економскиот експерт Јоахим Старбати, кој е еден од подносителите на тужбата против ЕСМ: „Тоа не е задача на ЕЦБ. Во Мастришкиот договор стои дека задача на ЕЦБ е стабилизирање на валутата, а не стабилизирање на еврозоната.“

Слично аргументира и Бундесбанката во својата проценка поднесена пред Уставниот суд. Не е задача на ЕЦБ да го гарантира актуелниот состав на монетарната унија, оценува германската Централна банка.

Франк Шоркопф, правник за европски прашања и автор на стручната проценка на ЕЦБ, исто така се повикува на ЕУ-договорот, но доаѓа до поинаков заклучок - со оглед на тоа што зачувувувањето на финансиската стабилност е исто така дел од задачите на ЕЦБ, а програмата за купување обврзници е во служба на оваа цел, ЕЦБ за тоа има мандат. Со други зборови: доколку е загрозена

Symbolbild ESM

Го пречекори ли ЕЦБ мандатот?

егзистенцијата на монетарната унија, веќе нема да може да стане збор ниту за стабилни цени. Според договорот на ЕУ, ЕЦБ не смее директно да купува обврзници од државите што се во криза и на тој начин да се занимава со финансирање на државите. Меѓутоа, од избивањето на кризата, ЕЦБ натрупа обврзници од евро-државите во криза во висина од 200 милијарди евра.

Јоахим Старбати тврди дека не игра никаква улога тоа дали обврзниците се купени директно од државите или преку банките. Тој за ДВ оценува дека ЕЦБ „не смее сама од себе едноставно да купува обврзници“, а ако тоа го прави, таа го „крши својот мандат“.

Финансирање на држави „на мала врата“?

Она што звучи како правно ситничарење за германските уставни судии е исклучително важно. Тие уште во текот на итната постапка заклучија дека купување на финансиските пазари кое де факто се сведува на финансирање на членките на ЕЦБ „на мала врата“ значи прекршување на европското право. И

Jens Weidmann

Јенс Вајдман, претседател на Бундесбанката

додека претседателот на Бундесбанката Јенс Вајдман предупреудва од „дрогата државно финансирање“, Хенинг Фепел од хамбуршкиот Институт за светска економија не препознава скриено финансирање на државите, затоа што „загрозена беше валутата и стабилноста на финансискиот пазар“. Оттука, според Фепел, „интервенцијата на ЕЦБ беше исправна“.

Фепел, меѓутоа, се согласува по едно друго прашање со Бундесбанката и критичарите на ЕЦБ, а тоа е дека при спасот на еврото ЕЦБ е во опасност да ја загуби својата независност: „Ако таа мора постојано да интервенира, ќе биде помалку независна. А кога ќе стане помалку независна ЕЦБ ќе стане и послаба“, вели Фепел за ДВ.