1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Ули Хенес: Згрешив!

Откако пред два дена беше обелоденето дека претседателот на Бајерн Минхен, Ули Хенес, самиот се пријавил како даночен грешник, тој не се појавуваше во јавноста. Сега проговори за „Спорт Билд“ и вели дека направил грешка!

На виделина постојано испливуваат нови детали, а дебатата околу сомнежите за даночно затајување и милионските банкарски сметки во Швајцарија е во состојба на вриење и би можела на пет месеци пред парламентарните избори во Германија да биде во фокусот на изборната кампања. Притисокот врз претседателот на ФЦ Бајерн Минхен, Ули Хенес, очигледно е толку голем, што тој мораше самиот да се произнесе околу целиот скандал.

Својата швајцарска сметка Хенес ја нарекува „голема грешка“. Тој се обидува ваквата грешка „барем половично да ја поправи“ со тоа што самиот се пријавил како даночен грешник, изјави 61-годишниот менаџер на Бајерн за „Спорт Билд“. Хенес нагласува дека „сака да расчисти“ се‘. „Законот ја нуди таа можност“, вели Хенес, кој е во визир на обвинителството. Сепак и сега повторува - не мисли на оставка на функцијата.

Обвинителството во Минхен води истрага против Хенес, откако тој во јануари поднесе лична пријава за затајување данок. Весникот „Зиддојче Цајтунг“, повикувајќи се на судски извори, напиша дека Хенес десет години депонирал оданочени пари во една банка во Цирих, но притоа во Германија не платил данок на приход од капитал. 

Аферата Хенес во Германија повторно ја разгоре дебатата околу даночните измами и даночните оази. Канцеларката Ангела Меркел искажа разочараност од шефот на Бајерн. Затајувањето данок е „тежок деликт“, за којшто „нема оправдување“, изјави портпаролот на германската влада Штефен Зајберт.