1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Украинските партии во стартни позиции за коалициони преговори

На парламентарните избори во Украина во водство се наоѓа про-руската партија на лидерот на опозицијата Виктор Јанукович.

Поранешната премиерка Јулија Тимошенко

Поранешната премиерка Јулија Тимошенко

По пребројувањето на околу две третини од гласачките ливчиња, тој води со 29,4% - објави утринава Централната изборна комисија во Киев. Изборниот блок на поранешната премиерка Јулија Тимошенко добил 22,6 проценти, а партијата „Наша Украина„ на претседателот Виктор Јушченко само 15,7%.

Процесот на формирање нова влада на Украина ќе потрае. Дури по објавувањето на конечните резултати од неделните избори може да почнат коалиционите преговори меѓу разните партии, кои се чини се подготвени на сите можни коалиции. Каризматичната политичарка Јулија Тимошенко се обидува да формира влада од партиите што му припаѓаат на блокот сили што ја изведоа „портокаловата револуција„ пред 14 месеци:

„Сметам дека располагаме со добар број гласови и јас не сакам да ги разочарам оние кои гласаа за нас. Затоа не гледам никаква причина силите кои победија на претходните претседателски избори сега да мора да заминат во опозиција„ – порача Тимошенко на адреса на партијата „Наша Украина„ на претседателот Виктор Јушченко, како и на социјалистичката.

Доколку на Тимошенко и‘ појде од рака да ги обедини овие сили и да стане нова премиерка, тогаш во опозиција ќе мора да оди проруската Партија на регионите на Виктор Јанукович, кој слави успешен политички кам бек со речиси 30% од гласовите. Свесен за таа опција и Јанукович пружа рака за сите можни коалиции:

„Подготвени сме да соработуваме со сите партии што се избрани во Парламентот. Нема копромис што не би го прифатиле за повторно да ја ставиме украинската економија на нозе.„