1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Украинските граѓани посилни од очекувањата

Масовните протести во Украина ги изненадија политичарите како на Истокот така и на Западот. Останува надежта за приближување на Украина кон ЕУ.

Атмосферата во Украина е тензична. Демонстрантите во главниот град Киев и во другите градови бараат оставка на владата и претседателот. Тие сакаат приближување кон Европа, но без Виктор Јанукович. Тие повеќе не веруваат дека тој ќе ја води нивната земја во правец на ЕУ. Затоа протестираат понатаму.

Претседателот Јанукович во меѓувреме се однесува како воопшто да нема тешка политичка криза во неговата земја. Во вторникот (03.12) тој замина на одамна планираната посета на Кина.

Се потцени потенцијалот на протестите

Cornelius Ochmann Rotary Club Adam Mickiewicz in Berlin

Корнелиус Охман

Многу политичари, како на Западот така и на Истокот, не очекуваа такви размери на протестите. Шефот на управниот одбор на фондацијата за германско-полска соработка, Корнелиус Охман во интервју за ДВ вели дека политичарите во ЕУ не се единствените кои не сметале на такот развој во Киев. „Тоа беше големо зиненадување за сите, но најмногу е изненаден претседателот Јанукович“, констатира Охман.

Исто и Мариа Давидчик од Германското друштво за надворешна политика во Берлин во интервју за ДВ подвлекува дека сите страни, како Киев така и Москва и Брисел ја потцениле ситуацијата. „Украинската влада во источното партнерство со ЕУ гледаше опција, сѐ додека тоа соодветствуваше со внатрешно-политичкиот развој. Од друга страна ЕУ испраќаше сигнали на Украина, но не покажа конкретни стратегии или инструменти за решавање на реалните проблеми на земјата и населението.“

Повеќето европски политичари причините за протестите ги гледаат во разочарувањето на Украинците во тоа дека владата го замрзна потпишувањето на Договорот за асоцијација и слободна трговија на нивната земја со ЕУ. Притоа голема улога играше и Русија, која во изминатите месеци изврши огромен притисок врз Украина.

Посебно рускиот претседател Владимир Путин придонесе за тоа Украинците сега да излезат на улиците, нагласува Корнелиус Охман. „Настапите на Путин долеаа масло на огнот, бидејќи тој се обиде да ја стави под притисок Украина. А Украинците не сакаа тоа уште долго да го прифатат“.

Перспективи за цивилното општество

ЕУ сега би морала да ѝ посвети поголемо внимание на земјата. Полска и Германија тоа и го правеа, но другите ЕУ - држави како Италија, Грција или Шпанија покажаа помал интерес за Украина. Корнелиус Охман смета дека пропаѓањето на договорот со ЕУ било иницијална каписла за протестите: „Цивилното општество во Украина, според моето мислење, е далеку поразвиено, отколку што се мисли. На луѓето, просто кажано им е преку глава од владејачкиот стил на претседателот, и тие сега користат можност да го изразат своето незадоволство“.

Мариа Давидчик од Германското друштво за надворешна политика смета дека иднината не треба да се концентрира само на елитата во земјата. Европејците и на „обичните“ Украинци мораат да им покажат дека сериозно се сфаќаат нивните проблеми. Соработката со ЕУ нуди долгорочни перспективи и „тие би морале да им се пренесат на луѓето “, нагласува Мариа Давидчик.