1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Украина: Што остана од ЕП?

Европско првенство годинава за првпат се одржа во Источна Европа. Навивачите во Полска безгрижно можеа да уживаат во натпреварите, додека во Украина спортот беше засенет од политиката. Зошто Украина е и натаму изолирана?

Светскиот првак во бокс Витали Кличко го искористи првенството за предизборна кампања. Со својата партија „Удар“ тој сака наесен да влезе во парламентот и да и’ се спротивстави на владата на авторитарниот претседател Виктор Јанукович.

„Ним им е се‘ едно како ви е вам. Битно им беше да организираат Европско првенство, да градат нови стадиони. Но, зошто стадионите беа многу поскапи отколку во Германија или Полска? Оти беа градени со државни пари, некои си ставија милијарди во сопствениот џеб“, вали Витали Кличко.

Vitali Klitschko auf dem Parteitag seiner Partei

Кличко на партискиот конгрес на неговата партија Удар

Зборовите на Витали Кличко наидуваат на добар прием во Бровари во близина на Киев. Овде многумина се разочарани од Европското фудбалско првенство.

„Еуро беше добро за олигарсите, оти можеа уште повеќе да се збогатат“.

„Ништо не се промени со Европското првенство. Но Кличко би можел нешто да промени“.

Украина останува изолирана

Европското фудбалско првенство требаше да ја унапреди земјата, да привлече туристи и инвеститори. Но желбите во иднина таа да стане туристичка цел, не се исполнуваат. Украина и по првенството е изолирана.

Владислав Кириченко, продавач на сувенири истакнува: „Ние не можевме да ја продадеме стоката, оти изостана голем прилив на туристи за првенството. Тоа го почувствуваа и сопствениците на ресторани“.

Инаку, и Витали Кличко се ангажираше за Украина да го добие првенството. Тој дури беше и спортски амбасадор на земјата и член на организациониот комитет.

Aktion Die Grünen Delegation des EP bei Timoschenko vor Krankenhaus

И покрај протестите Тимошенко останува во затвор

На шеталиштата за навивачите опозицијата го свртуваше вниманието врз другата реалност во Украина: кршењето на човековите права во односот кон поранешниот премиер Јулија Тимошенко и други критичари на режимот. Многумина политичари од Западот ја откажаа посетата на првенството. Бојкот без ефект - Тимошенко останува затвореник.

„Тоа е спротивно на човековите права и ние нема да го толерираме. Но не гледам можност да го променам тоа“.

„Не го знам случајот во детали, но знам дека е таа осудена за нешто, што во други земји е нормално“, велат граѓаните.

Политиката е потешка од спортот

Vitali Klitschko Wahlkampf Ukraine

Светскиот првак во бокс води изборна кампања

И Кличко почувствува дека владата не е претерано фина во односот кон критичарите. Неговата партија е попречувана и клеветена во предизборната кампања. Засрамувачки методи на една влада, каква што луѓето во земјата не заслужиле. „Луѓето кои дојдоа кај нас видоа колку голем потенцијал има Украина, колку убава земја е, колку се луѓето гостопримливи“, вели Кличко.

Дури и ако најголемиот дел од гостите дојдоа само во блиц-посета. Но, фудбалското лето барем ги зближи Украинците - во Киев или Доњецк, насекаде во земјата се вееја украински знамиња.

Европското фудбалско првенство сепак уште еднаш им предочи на луѓето колку е земјата оддалечена од демократија. Можеби Витали Кличко, кој досега политички не можеше да фати приклучок, сега има шанса. „Тој е нов во политиката, и ако остане толку чесен, колку во неговиот спорт, може да успее“.

Кличко е убеден дека во Украина политиката е потешка од секој спорт, оти е борба без правила. За фер-борба на фудбалскиот терен се грижеа судиите, а за да се врати фер-плејот во политиката мора да помогнат и Европејците. Украина треба да им остане во фокусот и по Европското првенство.