1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Украина: Се топи надежта за крај на насилството

Украинскиот претседател Виктор Јанукович на опозицијата ѝ ја понуди функцијата премиер во замена за прекин на антивладините протести. Предлогот е засега одбиен, продолжуваат судирите меѓу демонстрантите и полицијата.

Надежта за скор крај на насилните протести и политичко решение на кризата во Украина траеше само неколку часа. Ноќеска повторно дојде до нови судири меѓу радикализираните демонстранти и полицајците.

Вчера попладнето (25.01.2014) ненајавено се сретнаа тројцата опозициски лидери со претседателот Виктор Јанукович, по што стигна итната вест дека тој е подготвен на големи отстапки. Тој и‘ понуди на опозицијата да го преземе раководењето со земјата, на тој начин што еден од опозиционите водачи, Арсениј Јацењук, ќе стане премиер. Арсениј Јацењук меѓутоа изјави дека опозицијата е подготвена да ја прифати одговорноста за земјата, но дека нема веднаш да ја прифати понудата на претседателот Јанукович тој да стане премиер.

Еден од лидерите на опозицијата, Витали Кличко синоќа изјави дека сака претседателски избори во текот на оваа година и дека опозицијата нема да се откаже од своите барања.

„Нашето барање е да се одржат претседателски избори годинава...Нема да се откажеме, но разговорите ќе продолжат“, им соопшти Кличко на демонстрантите откако Јанукович на опозицијата и‘ го понуди местото премиер за да заврши кризата во земјата. На Кличко му било понудено местото потпретседател на владата задолжен за хуманитарни прашања.

Претседателот Јанукович, исто така, ветил да ја разгледа можноста да го промени украинскиот Устав, според кој шефот на државата има многу големи овластувања, а тоа ќе го направел или со распишување референдум или со усвојување закон.

Kiew Vitali Klitschko Opposition Ansprache

Средба кај претседателот Јанукович

За возврат од страна на Јанукович е поставен условот демонстрантите да ги напуштат улиците околу Плоштадот на независноста, Мајдан.

Но, опозицијата нема доверба во претседателот Јанукович и не сака да прекине со протестите додека не добие сигурен доказ во намерите на Јанукович. Следниот вторник (28.01.2014) се смета за клучен ден, зашто Парламентот на итна седница терба да дебатира за излез од кризата во земјата. Многумина опозициониери истакнуваат, врз основа на досегашното искуство со претседателот Јанукович - тој го разбира само јазикот на силата. Стотици илјади Украинци мирно протестираа веќе два месеци против одлуката на Јанукович да го запре Договорот за асоцијација со ЕУ. Пред една недела протестите преминаа во насилство, има повеќе мртви и ранети.

„Остануваме во центарот на Киев“, вели за Дојче веле еден од демонстрантите, чие лице е сокриено со маска. Тој, како и многумина други, со денови води борби со полицијата во улицата Хрушевскохо, која води кон владиниот кварт и не сака компромиси:

„Пред една недела би прифатиле веројатно друго решение“, вели човекот, но откако полицијата пукаше во демонстрантите, главното барање гласи: претседателот мора да си даде оставка.