1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Украина-распуштен Парламентот

Борбата за превласт во Украина меѓу претседателот на државата Виктор Јушченко и премиерот Виктор Јанукович драматично се заостри.Прозападниот претседател го распушти парламентот и закажа нови избори за 27 мај.Причината е обвинувањето дека проруски ориентираниот премиер Јанукович целно врбувал пратеници од другите партии за да ја зацврсти својата позиција.Парламентот во Киев се спротистави на распуштањето, повикувајќи се на уставот.САД ги повикаа двата табори во Украина да се воздржат од насилни акции.