1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Украина, предвремени избори

Украинскиот претседател Виктор Јушченко изјави дека ќе свика предвремени парламентарни избори за 60 денови доколку парламентот до крајот на денов не го усвои пакетот законски мерки за одржување на изборите на 30 септември. Овој термин го договорија претседателот Јушченко и премиерот Виктор Јануковиќ. Претседателот на парламентот Олекасндер Мороз изјави дека работата на пратениците веројатно ќе продолжи и во текот на утрешниот ден.