1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Украина- Парламентот го игнорира распуштањето

Во Украина се заострува политичката криза.Одлуката на западно ориентираниот претседател Виктор Јушченко за распуштање на Парламентот е објавена во Службениот весник,со што таа стапи во сила.Јушченко закажа и нови избори за 27 мај.Пратениците предводени од проруски ориентираниот премиер Виктор Јанукович меѓутоа не ја почитуваат одлуката и на вонредна седница усвоија декларација, со која најавуваат продолжување на својата работа.Претходно тие се обратија и до Уставниот суд.Во украинскиот главен град Киев демонстрираат повеќе илјади приврзеници на премиерот.Министерството за одбрана потенцира дека армијата стои зад претседателот Јушченко.

Русија изрази надеж дека нема да дојде до нови конфронтации,а слично реагираа и САД,повикувајќи на воздржување од насилство.