1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Украина очекува позитивен сигнал од Букурешт

Американскиот претседател Џорџ Буш на Самитот во Букурешт ќе се заложи за приближување на Украина и Грузија кон НАТО. За време на престојот во Киев тој уште и порача на Русија да не стравува од ракетниот штит на САД.

default

Џорџ Буш и Александар Јушченко по пристигнувањето на американскиот претседател во Киев

Џорџ Буш направи се за да ја обезбеди благонаклонетоста на домаќините. Тој најнапред на почесната гарда а потоа и на новинарите им се обрати на украински.


САД го подржува членството на Украина во Акциониот план на НАТО


На средбата со украинскиот претседател Виктор Јушченко , се говореше за основната тема- можното натамошно приближување на Украина кон НАТО. На заедничката прес-конференција Буш истакна дека ќе стори се за прием на Украина во Акциониот план на НАТО, кое важи за предворје кон полноправното членство :

„Во Букурешт неделава ќе продолжам да ја истакнувам јасната позиција на Америка . Ние го подржуваме членството на Украина и Грузија во Акциониот план на НАТО“ .

На новинарските прашања , како планираат двајцата претседатели да се справат со скептичните НАТО-членки како Германија и Франција , украинскиот претседател одговори:

„ Сигурен сум дека ќе добиеме позитивен сигнал во Букурешт. Патуваме таму токму со вакво расположение. Имаме доволно аргументи за да ги убедиме државите кои се сомневаат во нас“ .

Јушченко и Буш сметаат дека натамошната успешна демократизација на Украина зависи од приемот на земјата во Акциониот план на НАТО. Тоа имено овозможува строги контроли од надвор , но и преку невладините организации. Притисокот врз украинската влада да започне со реформи значително ќе порасне.


НАТО-амбициите на Киев не се насочени против Русија


Осврнувајќи се на руските закани за негативни економски и воени консеквенци од приближувањето на Украина до НАТО , Јушченко истакна уште еднаш, дека тоа не е насочено против никого во што значи ни против Русија:

„Станува збор за национални интереси. Кога ќе се погледне историјата на Украина , која е исполнета со трагедии , може да се извлече конечен заклучок: Нам ни е потребен колективен безбедносен систем , колективна одговорност и меѓународни гаранции“ -истакна Јушченко.

Џорџ Буш уште еднаш и вети на Москва дека спорниот систем за заштита од ракетни напади , што САД планираат да го инсталираат во Источна Европа не е насочен кон Русија:

„ Јас недвосмислено јасно му укажав на претседателот Путин дека ракетниот систем не е наменет за заштита од Русија . Конечно Русија би можела лесно да го совлада , тој одбранбен систем што сме го предвиделе“ -порача Буш.