1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Украина на столбот на срамот поради Тимошенко

Јулија Тимошенко, водачот на украинската опозиција, повеќе од една и пол година е во затвор. Европскиот суд за човекови права сега ја осуди Украина поради третманот кон Тимошенко во истражниот затвор.

Истражниот затвор за 52- годишната опозициона политичарка во 2011 година бил „своеволен и противзаконски“, пресуди денеска едногласно Малиот судски совет на Судот во Стразбург. Судот утврди дека биле направени и четири повреди од страна на Украина против основните права на Тимошенко, но ги отфрли жалбите поради лош третман во затвор.

Тимошенко тужеше поради затворските услови и бидејќи ја обвинува Украина, дека казнената постапка против неа била политички мотивирана. Од 2011 година таа одлежува седумгодишна затворска казна поради злоупотреба на службена функција и нејзиното здравје е нарушено.

Против пресудата на судскиот совет и двете страни можат да се произнесат во рок од три месеци. Судот тогаш случајот може да го предаде на проверка кај 17-те судии на Големиот судски совет, но и немора да го стори тоа.

Украина е една од земјите членки на Советот на Европа и потписник на Европската конвенција за човекови права. Со тоа оваа источно-европска земја е обврзана да се придржува кон пресудите на Судот од Стразбург.