1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Украина и Грузија ќе бидат примени во НАТО - временската рамка не е утврдена

26 те шефови на држави или влади на земјите членки на НАТО денеска дебатираа и постигнаа договор, за прием на Украина и Грузија во северно атланската алијанса. Сепак временска рамка не е утврдена.

default

Генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер

По долгата контроверзна дебата, генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер објави „НАТО ги поздравува напорите на Украина и Грузијa за влез во Алиjансата. Денеска постигнавме согласност дека овие држави ќе станат членки на НАТО. И двете нации даваат вреден придонес во операциите на Алијансата. Ние ги поздравуваме демократските реформи во Украина и Грузија и се радуваме на слободни и фер избори во Грузија во мај“

Не е утврдена временска рамка за прием

Сепак сеуште не е утврден никаков временски рок кога тоа би се случило. Германија, Франција и други земји членки на НАТО и покрај американското настојување, беа против Украина и Грузија уште денеска да се приклучат во акциониот план за членство во Алијансата. Овој чекор уште еднаш ќе треба да го разгледаат министрите за надворешни работи на средбата во декември годинава и самостојно ќе донесат одлука за прием на овие две земји во акциониот план на Алијансата. Акциониот план е последниот пред степен пред вистинските преговори за пристап во Алијасната. Германските политичари предупредија, доколку сега се примат Украина и Грузија би можело да се предизвика спор со Русија. Рускиот претседател Владимир Путин кој во петок е гостин на самитот на НАТО, постојано ги одбива амбициите за влез во северно атланскиот сојуз на двете републики на поранешниот Советски сојуз.

Германската канцеларка Ангела Меркел негираше дека Русија има влијание „Мислам дека ова е резултат што пред се јасно покажува. Нема политички разлики меѓу земјите членки на НАТО, дека некоја земја, на пример Русија, би имала право да не стави под знак прашање, кој да биде член на НАТО од друга страна мора да ја имаме предвид внатрешната состојба во земјите.“ истакна Меркел

Русија е и против планираниот анти ракетен штит, за кој САД и Чешка денеска во рамките на самитот постигна согласност. Претходно од американската делегација беше објавено дека НАТО и ветил на САД поддршка за спорниот ракетен штит.