1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Украина: Закана со вонредна состојба

Радикални демонстранти го зазедоа Министерството за правда во Киев. Министерката Лукаш се заканува со воведување вонредна состојба. Опозициониот лидер Витали Кличко бара напуштање на објектот и политичко решение.

Украинската министерка за правосудство, Олена Лукаш, ги предупредила антивладините демонстранти кои го окупирале нејзиното министерство дека ќе побара воведување на вонредна состојба доколку не го напуштат објектот.

Лукаш вонредна состојба ќе побара од Националниот совет за безбедност и одбрана доколку демонстрантите не излезат од зградите на министерствата во Киев, кои беа заземени синоќа и пред кои се поставени барикади со вреќи.

Радикалната група активисти „Вистинско дело“ ги искршила прозорците на зградата на министерството за правосудство и го уништила официјалниот знак. Опозициониот лидер и поранешен боксерски шампион Витали Кличко, побара од демонстрантите да излезат од зградата, но тие не го послушаа. Кличко инстистира да не се вршат провокации и најави барање политичко решение. Полицијата отворила истрага поради упадот во окупираната државна зграда.

Ширење на протестите

Бунтот во меѓувреме се прошири низ целата земја, а опозицијата ги зазеде општинските канцеларии во десет градови, соопштуваат локалните медиуми.

Владини канцеларии биле нападнати и во источните подрачја на земјата каде претседателот Јанукович традиционално ужива силна поддршка.

Опозициониот лидер Арсениј Јацењук ја одби понудата на Јанукович да го именува за премиер бидејќи, како што истакна Јацењук, основните барања на демонстрантите мора да бидат исполнети, меѓу кои и одржување на избори. Според официјалните податоци, во судирите на демонстрантите и украинските сили за безбедност загинале три лица, додека опозицијата тврди дека вистинската број на загинати изнесува шест лица.