1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Украина е пред економски амбис

Украинскиот парламент итно ќе расправа за растечката економска криза во земјата. Западот и Русија и понудија финансиска помош на земјата, но парите ќе стигнат откако ќе биде формирана преодната влада

Украинските парламентарци денеска на вонредна седница треба да расправаат за економската состојба. Во преден план е прашањето како да се надмине финансиската криза која се заканува дополнително да ја дестабилизира земјата, во која пред неколку дена беше урнат од власт претседателот Виктор Јанукович по тримесечни протести.

Вршителот на должноста Олександр Турчинов викендов предупреди дека „земјата се движи кон амбис“. ЕУ и САД најавија помош за преодната влада. Шефицата на дипломатијата ЕУ, Кетрин Ештон денеска пристигнува во Киев со најава дека „ќе дискутира околу мерките за стабилизирање на економската состојба“. Американскиот министер за финансии Џек Лу ги повика преодните власти во Киев да се обратат до ММФ веднаш откако ќе биде формирана новата влада. Се очекува преодната влада да биде изгласана во вторник, додека

Ukraine Krise Alexander Turtschinow 23.02.2014 2013

Олександр Турчинов

претседателските избори се закажани за 25 мај.

Намален рејтинг

Кон крајот на минатата недела рејтинг агенцијата Стандард и Пурс веќе го намали кредитниот рејтинг на земјата на многу ниско ниво (тројно Ц). Земјата одамна се наоѓа пре банкрот. Украинската валута „хривња“ од почетокот на годинава загуби околу десет проценти од својата вредност во однос на еврото. Девизните резерви се речиси на нула. „Банкротот е многу можен“, вели Теохарис Григоријадис, професор по економија на Слободниот универзитет во Берлин.

Причината што банкротот и досега не се случи е во руските кредити, кои Владимир Путин му ги вети на Јанукович во декември минатата година. Опасноста од банкрот беше една од причините поради која Јанукович одби да го потпише договорот за асоцијација со ЕУ. „Банкротот се закануваше уште тогаш, а Русија беше единствената земја која сакаше да понуди краткорочно решение“, вели Григоријадис.

И според Томас Бауман, експерт за Источна Европа во германската стопанска комора, економската состојба во Украина е драматична. „Украина има средства да го покрие увозот за помалку од два месеци, тоа значи дека државата може да ги обезбеди неопходните снабдувања само уште во следните 6 недели“.

Голем потенцијал

Притоа Украина има силен економски потенцијал. Покрај суровините како

железната руда, магнезиумот, бакарот, никелот, таа е и еден од најголемите извозници на жито во светот. „Украина е земја е со голема аграрна ориентација“, вели Григоријадис. Земјоделството е претежно концентрирано во централна и западна Украина, додека тешката индустрија е на истокот на земјата. Но обата региони се соочуваат со истиот проблем. „На Украина и‘ недостасува високо индустријализирано опкружување“. Од тие причини има малку странски инвеститори во земјата, покрај големата корупција и правната несигурност. Бројни структури се престари. Најголемиот дел од инфраструктурата потекнува од советското време.