1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Украина – договор за надминување на кризата

Украинскиот претседател Виктор Јушченко и шефот на владата Виктор Јанукович се договорија на 30-ти септември да се одржат нови избори. Прозападно настроениот Јушченко првобитно сакаше изборите да се одржат порано. Со договорот постигнат рано изутрината би требало да и’ се стави крај на длабоката политичка криза во Украина. Таа драматично се заостри последните денови, откако Јушченко го отпушти државниот обвинител и ја презеде контролата врз трупите на Министерството за внатрешни работи. Таборот на премиерот Јанукович му префрли на претседателот дека го крши уставот.