1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Украина добива влада во портокалова боја

По три месеци од парламентарните избори, Украина ќе добие нова влада. Коментар на Бернд Јохан

Тимошенко во украинскиот парламент

Тимошенко во украинскиот парламент

Украина повторно добива влада во портокалова боја. Јулија Тимошенко треба повторно да стане премиер на замјата. Имено лидерите на демократската револуција од 2004 година се спогодија за нова коалиција. Но оваа коалиција стои на стаклени нозе. Блокот на Јулија Тимошенко, Сојузот „ Наша Украина“ на претседалтелот Виктор Јушченко и социјалистичкат партија расправаа три месеци, за да го утврдат новиот состав на коалицијата. Не дебати за стручни прашања, туку спор за позициите кои носат моќ и пред се личните амбиции ги карактеризираат недостоинствените рапсрави околу колаицијата во Киев.

Но кого го чуди ова, кога во украинската јавност во моментов речиси и никој да не верува дека оваа колиција би можелла да ја поседува силата за нов почеток. Претседателот Виктор Јушченко и госпоѓа Тимошенко се во кавга. Во есента 2005 година дојде до раздор, кога Јушченко, ја отпушти од функцијата премиер. Курсот на Тимошенко како премиер тогаш беше многу оспоруван. Таа агираше популистички и ги иритираше инвеститорите со државните зафати во економијата. Коалицинерите не се единсвени во политиката на приватизација. Разлики во мислењето постојат и по прашањето за влез во НАТО на Украина.

Но пред се имаат проблем со имиџот, од што особено е погоден претседателот Јушчено. На парламентарните избори пред три месеци неговата партија „Наша Украина“ беше уредно казнета од гласачите. Во парламентот е само трета сила. Блокот пратеници околу Тимошенко, кој бројчано е поголем, затоа ќе сака да го одредува политичкиот курс на коалицијата. Конфликти со паријата на претседателот се предвиливи.

Кон ова се дополнува и про – руската „Партија на регионите“, која поради изборни фалсификати во 2004 година беше дискредитирана, но сега ќе предводи силна опозиција. Опасноста е голема, да се продалбочат внатрешно – политичките недоразбирања, пред се поради поделбата меѓу европско ориејнираниот западен дел на земјата и про руски настроениот исток на Украина. По ова прашање новата колаиција во Украина стои пред еден тест. Одлучувачки ќе биде, дали ќе ги придобие за себе луѓето, токму од истокот на земјата.

Уште сега значи се оцртуваат предизвици, кои ќе го отежнат владееењето. Со Русија се закануваат нови конфликти околу испораката на енергија. Прашањето за приближување кон НАТО и дебатата за тоа дали рускиот да биде втор јазик ги делат мислењата во земјата. Но пред се и конечно треба да се покаже дали новиот кабиент ќе наиде на мнозинство во парламентот, гласањеето за него ќе биде првиот тест дали колаицијата ќе биде истрајна.