1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Украина го поддржува уставното име на Македонија

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, во Киев доби потврда од украинските власти за постојаната и принципиелна поддршка за уставното име на Македонија. Односите меѓу двете земји се одлични.

default

Милошоски доби признание од Универзитетот во Киев

Македонија и Украина имаат извонредно чисти пријателски односи кои се база за ново стратешко партнерство во иднина. Министрите за надворешни работи на двете земји, Антонио Милошоски и Володимир Огризко, по разговорите во Киев го потенцираа сојузништвото и најавија поинтензивни меѓусебни релации.

Домаќинот најави дека Украина е определена за интеграција во Евроатлантските структури, процес во кој ќе ги искористи искуствата од Македонија. Ова прашање според Огризко е многу важно за двете земји.

Милошоски изрази благодарност за постојаната и принципиелна поддршка од Украина за уставното име на земјата. Двете страни според него имаат одлични билатерални односи. Шефот на македонската дипломатија нагласи дека Македонија и Украина ги краси заедничка доверба и пријателство, капитал, кој треба да се искористи. „Двете земји ги имаат сите политички услови да работат на создавање стратешко партнерство во годините пред нас„ рече Милошоски.

Sommer in Kiew

Киев



Огризко од своја страна посочи дека потврда за одличните односи меѓу двете земји и нивниот интензивен развој е претстојната посета на претседателот на Украина, Виктор Јушченко на Македонија, што треба да се реализира до крајот на годината.

Конкретни трговски проекти

Што се однесува до трговските односи, двајцата министри констатираа дека тие се интензивираат. Годишната размена изнесува околу 200 милиони долари. Македонија во Украина најмногу извезува земјоделски производи и вино, а увезува метали како суровини за тешката индустрија.

Официјалната посета на Милошоски на Киев навестува конкретни проекти во неколку области. Украина, како земја домаќин на Европското првенство во фудбал во 2012 година, им ги отвора широко вратите на градежните компании од Македонија. Планирани се и заеднички проекти во воено-техничката сфера. Идејата е двете земји да произведуваат ново оклопно борбено возило, а во Скопје да биде отворен македонско-украински ремонтен центар во кој ќе се сервисира воената технологија и опрема произведена во поранешниот Советски сојуз.