1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Украина бара германски лекари за Тимошенко

Украина официјално ја замоли Германија за лекарски преглед на поранешниот премиер, Јулија Тимошенко. Таа од петокот штрајкува со глад поради лош третман во затворот.

Јулија Тимошенко уште во април беше прегледана во затвор од страна на странски лекари. Во екипата беше и шефот на берлинската клиника Шарите, Карл Макс Ајнхојпл, како и раководителот на Ортопедија, Норберт Хаас. Според украинското министерство за надворешни работи, германската влада е замолена за помош, односно за повторно доаѓање во Киев на германските лекари-специјалисти.

Во знак на протест против условите на кои е изложена во затворот, од петокот според нејзиниот адвокат таа штрајкува со глад. Русија и ЕУ изразија веќе загриженост поради состојбата на шефицата на украинската опозиција.

Германската влада исто загрижена

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле изјави дека германската влада „ е длабоко загрижена“ околу здравствената состојба на Тимошенко. Германската влада очекува украинската политичарка и другите поранешни членови на владата да добијат адекватна медицинска помош.

Вестервеле истакна:

„Останува понуудата на нашата влада за медицински третман на Тимошенко во Германија“. Вестервеле ова лично му го пренел и на својот украински колега. За најновата молба од Киев министерот изјави дека „ќе биде разгледана“.

Обвинувања за употреба на силa

51-годишната Јулија Тимошенко ги обвинува властите за принудно пренесување од затворот во блиска болница на третман поради силните болки во рбетот. По нејзиното противење да биде прегледувана од украински лекари, затворскиот персонал употребил сила против Тимошенко.

Поранешната украинска премиерка во октомври беше осудена на седум месеци затвор поради злоупотреба на службената положба. Причина е договорот со Русија во 2009-та година со кој на Украина наводно и‘ е нанесена штета во милионски суми.